Контакт

Надворешна политика

Заев: Ја поддржуваме иницијативата за градење доверба со Грција

Објавено пред

 Социјалдемократскиот сојуз ја поддржува иницјативата за градење меѓусебна доверба меѓу Скопје и Атина, постигната за време на еднодневната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во средата, објави најголемата опозициска партија во Македонија, по средбата на нејзиниот лидер Зоран Заев и грчката делегација.

dobivaj vesti na viber

„Од она што го добивме како информација од грчката делегација, можеме официјално позитивно да се изјасниме и ја поддржиме ова иницијатива. Особено поради тоа што навистина, со години наназад, упатуваме пораки да се отворат разговори за други полиња освен проблемот со името, коишто би создале многу подобра ситуација и за политичарите, и за граѓаните, но и за бизнисмените и за другите општествени чинители за унапредување на соработката помеѓу нашите две земји. Во вакви околности секако и доволно храбро да се повлечат храбри чекори, и конечно да се изнајде решение и за долгогодишниот проблем, којшто Грција го има со нашето уставно име“, истакна Заев во изјавата за медиумите.

Челникот на СДСМ изрази увереноста дека ваквите иницијативи не можат да бидат на штета на која и да е од страните, туку може да биде само од полза.

„Водам една општина којашто е на границата со Грција и знам дека предностите од соработките се придобивки за нашите граѓани, секако и за граѓаните на Грција. Во тоа име можам само да охрабрам и потврдам идни соработки“, рече градоначланикот на Струмица и воедно претседател на социјалдемократите.

Заев изрази надеж дека наидува период во кој и покрај (политичката) криза во Македонија и (финансиската) криза во Грција, не ќе може да се изначуваат како „несоодветни времиња“. Смета дека времињата се секогаш соодветни да се стори повеќе во меѓусебната соработка „да се подаде рака повеќе“, од што интерес ќе имаат граѓаните на двете земји.

„Се надевам дека првите практични реализации на ова поле ќе ги видиме многу брзо, уште во текот на летото, или есента што ќе доаѓа, од кое и да е од 11-те точки за коишто е постигнат договор. Секако, јас како економист, но и како политичар, верувам и се надевам дека тоа ќе бидат, пред сé, резултати прво на полето на економијата и трговијата од каде што граѓаните очекуваат подобар и поквалитетен живот за сите“, порача Заев./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија2 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Македонија3 часа

Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа. Од...

Регион3 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион4 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион4 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија11 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија11 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија14 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија14 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија16 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија18 часа

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...

Македонија18 часа

Владата на вонредна седница донесе неколку одлуки: седумдневна жалост во цела држава, строги контроли во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица...

Македонија19 часа

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени...

Македонија19 часа

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани....

Македонија19 часа

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве...

Македонија19 часа

Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. „Голем човек, големо срце,...

Македонија19 часа

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на...

Македонија21 час

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...