Свет
Подземните извори спас од сушата во Кина
Кинеските специјални служби, почнаа да пумпаат вода од подземните извори за да им помогнат на милионите луѓе на југот на земјата, кои се погодени од големата суша.
Кинеските специјални служби, почнаа да пумпаат вода од подземните извори за да им помогнат на милионите луѓе на југот на земјата, кои се погодени од големата суша.
Провинцијата Јунан, имаше многу малку врнежи од дожд минатата година, поради што шест милиони луѓе претрпеа загуби во земјоделството и сточарството.
Штетата од сушата се проценува на 1, 46 милијарди долари.
Кинеската провинција се соочува со најголемата суша во последните 60 години.
Резервите на вода се наоѓаат на најмалку 50 метри под земјата, а во некои делови се копа до 200 метри во длабочина.
Властите во Кина проценија дека, ако наскоро не заврне дожд, ќе бидат загрозени најмалку 10 милиони луѓе./крај/бета/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Смрт и раѓање – во разлика од половина час направени две фотографии на истата улица во Лавов
Градоначаланикот на Лавов, Андриј Садовји објави две фотографии направени на иста улица со разлика од само половина час.
Првата фотографија го прикажува последното збогување со убиените украински војници. Ваквите збогувања во Украина често се придружени со граѓани кои клечат покрај ковчезите што ги носат војниците.
На втората фотографија се гледаат христијаните во Лавов собрани на улица за да го прослават христовото раѓање – Божиќ.
Божиќна честитка претходно денеска објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свет
(Видео) Украина слави Божиќ, Зеленски упати честитка: „Сплотени сме, злото нема шанси“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати Божиќна честитка.
„По втор пат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите Украинци.
Без разлика дали лично или во мислите, ќе се поздравиме, ќе им се јавиме на родителите, ќе ги бакнеме децата, ќе ги гушкаме нашите најблиски и ќе се сеќаваме на оние кои ни се драги. Лице в лице, оддалеку или во нивните срца, Украинците денес се заедно. И се додека го правиме тоа, злото нема шанси.
Ова единство и топлина кон другите го отелотворува вистинскиот дух на Божиќ, уникатна атмосфера што ќе ја зачуваме во себе и ќе ја споделиме со оние околу нас. Со оние што ги сакаме. Со оние кои се наше семејство, а денес тоа е секој Украинец.
Среќен Божиќ на сите! Христос се роди! Да го славиме!“, порача украинскиот претседател.
Украина втора година по ред Божиќ го празнува според Грегоријанскиот календар – одлука што беше донесена за да се приближи до западниот свет, а да се оддалечи од Руската православна црква.
Регион
Децата кои беа ранети во училиштето во Загреб се пуштени од болница, празниците ќе ги поминат со своите семејства
Двете момчиња, ранети во страотниот напад во петокот во основното училиште „Пречко“ во Загреб, денеска се пуштени на домашно лекување од Детската болница.
Лекарите процениле дека момчињата на возраст од седум и 11 години се опоравиле доволно за да ги поминат Бадник и Божиќ дома со своите семејства.
„Најдобрата можна вест денеска од болницата Клаиќ е дека децата се добро. Чекаме психолошкиот тим да развие план за натамошно следење на нашите пациенти, а очекуваме да бидат отпуштени во текот на денот, што сите не радува многу – изјави Фран Штампалија, специјалист за детска хирургија за ХРТ.
Тој нагласи дека на родителите и на децата им олеснало кога дознале дека дошол овој момент.
„Ги пречекав, бев на должност во саботата, но целата екипа, вклучувајќи ги и нашите медицински сестри, кои особено морам да ги пофалам, завршија одлична работа, како и анестезиолозите, другите хирурзи и ургентното одделение“, рече Штапалија.
Тој додаде дека планот е да се следи закрепнувањето на децата откако ќе бидат отпуштени од болница.
„На сите им е јасно дека физичките рани ќе зараснат, но психолошките рани треба да се следат подолго време и на тој начин да нема опаѓање. Засега сме на нагорна патека и сакаме така да остане“, заклучи Штампалија.
Наставничката повредена во истиот напад е во стабилна состојба и и’ е укажана психолошка помош.