Контакт

Здравје

СЗО: Хепатитисот убива исто како и СИДА-та

Објавено пред

Хепатитисот е болест којашто е смртоносна речиси исто колку и СИДА-та, со околу 1,4 милиони смртни случаи на годишно ниво, објави во своето седиште во Женева Светската здравствена организација (СЗО- WHO) на Денот на борбата против хепатитисот кој се одбележува на 28-ми јули.

dobivaj vesti na viber

Медицинските експерти пред Светскиот ден на борбата против хепатитисот истакнаа дека оваа болеста, којашто може да предизвика и канцер, може да биде победена доколку во лекувањето се применуваат програмите паралелно со кои лекуваат болестите како што е AIDS (СИДА).

Инаку, вкупно 1,5 милиони луѓе починале од СИДА минатата 2013 година. А, пак, од 1,4 милиони починати од хепатитис минатата година, 90 отсто биле заразените со хепатитис Б и Ц, кои се одговорни за две третини од случаите на рак на црниот дроб во светот.

„Најдобар начин за превенција на ракот на црнито дроб или цирозата е спречувањето и лечењето на вирусниот хепатитис. Доколку така се дејствува ќе се спасат многу животи и истовремено ќе се заштедат големите трошоци во здравството“, изјави професорот Семуел Со, лекар и предавач на универзитетот Станфорд во Калифорнија, САД.

Во таа смисла др Со, како и другите експерти од СЗАО, заговараат јакнење на тестирањата за хепатитисот, болест којашто ја нарекуваат „тивок убиец“. Според статистичките податоци, на 500 милиони луѓе коишто го носат вирусот на хепатитисот, голем е бројот на оние коишто воопшто не знаат дека се заразени.

Др Стефан Виктор, водител на програмата за борба против хепатитисот во СЗО истакнува дека постојат нови терапии за оваа болест со процент на излекување од 95 отсто, што според него претставува „терапевтска револуција“. „Тоа целосно ја менува динамиката в пристапот на проблемот со хепатитисот“, истакнува др Виктор.

Др Со, исто така, предупреди дека заболените од СИДА особено се чувствителни на хепатитис. Се проценува дека околу 10 милиони лица во светот боледуваат истовремено и од СИДА и од хепатитис. „Структурата којашто се применува при лекувањето на СИДА-та е идеална за лекување на хепатитисот, и време е тие две болести се лекуваат задно“, заклучува др Со.

Светскиот ден на хепатитисот се одбележува до 2011 година, на денот на раѓањето на професорот Баруш С. Блумберг, добитникот на Нобеловата награда за откритието на вирусот на хепатитисот Б. Светската здравствена организација претходно во 2010 година овој ден го вброи меѓу единствените четири официјални денови посветени на поединечните заболувања. /крај/мф/сн

Извор: AFP

Забава

Како да се изборите во недостатокот од енергија кога денот станува пократок

Објавено пред

Со доаѓањето на есента и пократките денови, многумина чувствуваат пад на енергијата и мотивацијата. Пократките периоди на светлина влијаат на нашиот внатрешен часовник и можат да предизвикаат чувство на замор, раздразливост, па дури и блага депресија. За среќа, постојат едноставни навики кои можат да ни помогнат да останеме енергични и продуктивни, пишува „Стил“.

dobivaj vesti na viber

1. Користете ја дневната светлина

Дури и ако времето не е сончево, престојот на дневна светлина му помага на телото да го регулира својот ритам. Обидете се да поминете барем 20-30 минути надвор, без разлика дали станува збор за прошетка или утринско кафе на терасата.

2. Редовна физичка активност

Вежбањето го зголемува нивото на енергија и ослободува ендорфини, хормони на среќата. Кратка утринска прошетка, јога или лесни вежби дома можат значително да го подобрат расположението и концентрацијата во текот на денот.

3. Правилна исхрана

Комбинацијата од протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати помага да се одржат нивоата на енергија стабилни. Есенските намирници како тиква, јаткасти плодови, јаболка и интегрални житарки се одличен избор. Избегнувајте премногу слатки и брза храна, бидејќи тие предизвикуваат ненадејни падови на енергијата.

4. Хидратација

Често забораваме да пиеме доволно вода кога времето станува постудено. Дехидратацијата може да предизвика замор и главоболки, затоа држете шише вода при рака и пијте редовно.

5. Паузи и одмор

Кратките паузи за време на работата му помагаат на мозокот да се ресетира и да ја зголеми продуктивноста. Медитацијата, длабокото дишење или неколку минути со затворени очи можат значително да го освежат телото и умот.

6. Одржувајте рутина за спиење

Пократките денови можат да го нарушат сонот. Одете во кревет и будете се во исто време секој ден, намалете ја употребата на екрани пред спиење и создадете мирна средина. Квалитетниот сон директно влијае на нивоата на енергија и расположението.

7. Внесете топлина и светлина во просторот

Дополнителната светлина во станот или канцеларијата, топлите бои и пријатната атмосфера можат да имаат позитивен ефект врз енергијата и расположението. Малите промени во околината го прават денот попријатен и помотивирачки.

Заклучок

Падот на енергијата во текот на пократките денови е нормален, но со едноставни стратегии како што се престој на светлина, физичка активност, правилна исхрана и квалитетен сон, можно е да се одржи енергијата и доброто расположение. Есента може да биде продуктивно и инспиративно време од годината – доволно е да се усогласи телото и умот со промените во природата.

Прикажи повеќе...

Забава

Норвешки метод 4×4: „Овој тренинг го враќа вашето срце 20 години назад“

Објавено пред

Иако тренинзите со низок интензитет (како на пример пилатес) се моментално најпопуларни во светот на фитнесот, сепак не ги игнорираме придобивките од поинтензивните кардио тренинзи.

dobivaj vesti na viber

Затоа постои интересен нов тренд во фитнесот – норвешкиот метод за тренинг 4×4. Овој метод е развиен од тим научници од Норвешкиот универзитет за наука и технологија уште во 1990-тите, но дури неодамна доби вистинска популарност благодарение на биохемичарката Ронда Патрик, авторка на популарниот поткаст и билтен „Found My Fitness“.

Пред неколку месеци, во поткаст од Тим Ферис под интригантниот наслов „Овој тренинг ќе ви го врати срцето 20 години назад“, таа ги објасни придобивките од норвешката рутина за тренинг 4×4.

Што е норвешкиот метод за тренинг 4×4?

Како и другите HIIT (high intensity interval training), норвешкиот 4×4 комбинира кратки, интензивни интервали на вежбање со периоди на активно закрепнување. Она што го разликува од класичниот HIIT се подолгите периоди на интензивно вежбање – по четири минути – за разлика од вообичаените 30 секунди.

Одличната работа кај овој метод е што не вклучува никаква посебна форма на вежбање – може да биде трчање, возење велосипед, пливање или која било друга форма на кардио.

Како да направите тренинг 4×4
Овој тип на тренинг започнува со 10-минутно загревање за да го подготвите вашето тело за високиот интензитет што следи. Потоа следува првиот работен интервал, за време на кој вежбате четири минути со максимален интензитет што можете да го одржите во текот на целиот период. Без разлика кој тип на вежба ќе го изберете, стремете се кон околу 85% до 95% од вашиот максимален срцев ритам, советува Џесвин Џејкоб, лекар по спортска медицина за порталот Self.

После тоа, движете се со помал интензитет три минути за да го намалите срцевиот ритам. Повторете го овој циклус од четири минути висок интензитет и три минути одмор вкупно четири пати – оттука и името на методот. Конечно, се препорачуваат уште 5-10 минути лесно разладување, така што целиот тренинг, вклучувајќи го загревањето и разладувањето, трае околу 40 минути.

Кои се придобивките од методот 4×4?
Освен што е одличен начин за интензивен тренинг за кратко време, експертите гледаат бројни придобивки во методот 4×4 – најважната од кои секако е подобреното здравје на срцето и целиот кардиоваскуларен систем.

Како и зошто овој тренинг влијае на здравјето на срцето?
Норвешкиот 4×4 делува позитивно бидејќи комбинира интензивни интервали со активен одмор, што го зајакнува срцевиот мускул и ја подобрува циркулацијата. За време на интензивните интервали, срцето станува поефикасно во пумпањето крв низ телото, а телото учи подобро да го користи кислородот, што го зголемува VO₂ max – клучен индикатор за кардиоваскуларна кондиција.

Зголемената ефикасност на срцето и белите дробови може да го намали срцевиот ритам во мирување, крвниот притисок и нивото на холестерол на долг рок и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Истражувањата го потврдуваат ова: учесниците кои редовно вежбале 4×4 тренинг го зголемиле VO₂ max и ја намалиле вкочанетоста на срцето, додека контролната група која правела само тренинг со ниско оптоварување немала такви промени.

За разлика од класичните HIIT програми, каде што интензивните интервали се пократки, овој метод гради подобра кондиција. Некои истражувања го сметаат за подобар од, да речеме, класичниот метод 10×1 (10 интервали од по една минута интензивно вежбање), но експертите нагласуваат дека сите HIIT програми го подобруваат здравјето на срцето и вреди да се вклучат во редовната рутина.

Методот 4×4 не е погоден за секого
Иако има многу придобивки, методот 4×4 не е погоден за секого. Бидејќи е многу интензивен вид вежба, HIIT тренинзите со пократки интервали или програмите Табата се препорачуваат повеќе за почетници.

Исто така, ако имате проблеми со срцето, важно е да се консултирате со лекар пред да го воведете овој метод во вашата рутина.

„Луѓето со срцеви или белодробни заболувања мора да добијат медицинско одобрение од својот лекар, бидејќи оваа рутина е силен товар за срцето и белите дробови. Не почнувајте да тренирате мислејќи дека вашето срце може да се справи со тоа“, објаснија експертите за Селф.

Прикажи повеќе...

Забава

Заборавете на скапите производи: четири трика за погуста и поздрава коса

Објавено пред

Вистината е дека погустата, посјајната и поздрава коса започнува од темето на вашата глава и со правилна исхрана.

dobivaj vesti na viber

Четири едноставни, природни трикови кои навистина функционираат и лесно се вклучуваат во вашата дневна рутина.

1. Масажа на скалпот – неопходна за раст на косата
Масажата на скалпот не е само за задоволство – таа го стимулира протокот на крв и испраќа повеќе кислород и хранливи материи до корените на секое влакно. Резултатот? Побрз раст, посилна коса и продолжен животен циклус на косата. Бонус ефект: масажата го намалува стресот, а сите знаеме дека стресот исто така „зема данок“ на нашата коса.

2. Метод на ротација – гравитацијата е во ваша корист
Овој трик е варијација на масажа, но со мал пресврт: ја навалувате главата под нивото на срцето додека го масирате скалпот. Ова дополнително ја стимулира циркулацијата на крвта и им дава импулс на корените на косата да се зајакнат и растат. Мал совет: ако имате проблеми со притисокот или вратот, прво консултирајте се со специјалист.

3. Исхрана – основа на здрава коса
Косата сака квалитетна храна! Протеините се неопходни бидејќи косата е претежно кератин – чист протеин. Исто така, проверете ги нивоата на железо, цинк и витамин Д, бидејќи нивниот недостаток често предизвикува кршење на косата и опаѓање на косата. Добра исхрана = коса што расте силна, бујна и сјајна.

4. Помалку топлина – поголем ефект
Топлата вода и прекумерно фенирање се главните виновници за сува и кршлива коса. Решението? „Пријателски“ ладна или млака вода при миење и природно сушење секогаш кога е можно. На овој начин, косата ја задржува влагата и сјајот, а корените остануваат силни.

Бонус совет: Комбинацијата од овие методи дава најдобри резултати – масажата, природната исхрана и контролата на топлината можат целосно да ја трансформираат вашата коса без да потрошите богатство на скапи производи.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет4 часа

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет5 часа

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија5 часа

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија16 часа

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет18 часа

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија20 часа

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија23 часа

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...

Македонија24 часа

Три групи да внимаваат поради промената во зимско време, лекарите со совети за да се избегне нарушување на ритамот

Американската академија за медицина на спиење (ААСМ) со години се залага за прекин на поместувањето на часовникот, тврдејќи дека стандардното...

Македонија1 ден

МЗ: Кај клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби

Во врска со медиумските објави за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија,...

Свет1 ден

Руски напад врз Киев

Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на...

Македонија1 ден

Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз...

Свет1 ден

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД...

Македонија1 ден

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Ноќва почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад....

Македонија1 ден

Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија2 дена

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија2 дена

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија2 дена

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...