Контакт

Свет

Рекетарите во градовите посилни од законот

Објавено пред

Заштитените насилници некогаш посилни и од нивните заштитници: задоцнети интервенции во откривање на убиство по нарачка

dobivaj vesti na viber

Насилници сеат страв меѓу мирните македонски граѓани

ЗАШТИТА

Заштитените насилници некогаш посилни и од нивните заштитници: задоцнети интервенции во откривање на убиство по нарачка

Коста ПОПОВСКИ

Во Државно основно училиште во населбата Козле во Скопје деновиве беше спречено киднапирање ученичка. Киднапирањето, според пријава во МВР од родител на ученичката, требало да го извршат лица во времето кога девојчето во придружба на мајката влегувало во училишниот двор. Од автомобил „опелли без регистарски таблички, наводно, излегле две лица и се заканувале:::“На девојчето ќе му ја смениме облеката??и, што мајката „го превелааи дека ќерката ќе биде киднапирана. Рекетарите потоа влегле во автомобилот и исчезнале. Полицијата ги откри пријавените и биле повикани на информативен разговор. Тие се бранеле дека немале намера да киднапираат, а таму биле само за тоа на мајката на ученичката да Ј кажат дека нејзиниот сопруг им должи пари и оти сакале да ја замолат да влијае да им ги врати парите. Но, не знаеле како да го кажат тоа за да се разбере, па рекле дека ќе му ја сменат облеката на девојчето.Тие имале и докази за долгот.Истовремено, осомничените поднеле приватна тужба против мајката за лажно пријавување грабнување. Во полицијата беше потврден настанот, со објаснување дека двете страни се прикажувале како жртви по нерасчистени должнички односи и дека пријавеното киднапирање не било поткрепено со валидни докази.

Вакви и слични настани се евидентираат насекаде во државава. На крајот на минатиот месец во едно кумановско село беше киднапирано дванаесетгодишно дете. Насилниците барале пари од неговите родители. Полицијата во меѓувреме ги најде киднаперите и против нив поднесе кривична пријава за киднапирање. Во 2003 година, во Врапчиште, Гостиварско, беше киднапиран оџата. И денес не се знае неговата судбина, и покрај тоа што на киднаперите им биле исплатени, наводно, 800.000 марки. Во петокот во населбата Аеродром, откако ја скршиле бравата во еден стан, млада брачна двојка влегла во него и ја сменила бравата. Сопствениците на станот подоцна повторно ја скршиле влезната врата, влегле во станот и тие ја смениле бравата. Моментално трае предистражна постапка да се докаже чиј е станот. Има индиции дека станот бил под хипотека и додека траела хипотеката првиот сопственик успеал да го препродаде дури на седум лица. Во полициските станици во државава дневно се пријавуваат најмалку пет обиди за киднапирања, насилства, уцени или извршени убиства поради нерасчистени должнички односи, закани на лихвари спрема побарувачите на пари дека ќе бидат убиени тие или член од нивното семејство, притоа покажувајќи валидни документи дека заемобарателите се согласиле со условите на заемодавците. Чести пријави до полицијата се доставуваат против рекетари, наводни заштитници на лица и објекти, кои со уцени принудуваат бизнисмени да ги „заштитуваатти божем од насилници и крадци. По интервенција на полицијата, осомничените заканувачи, кои се повикувани на информативен разговор, се жалат дека судските органи не сакаат или немаат време да ги решаваат имотноправните долгови на граѓаните или таквите предмети се влечкаат и по десет години, па тие се принудени самите да интервенираат. По правило, полицијата само евидентира вакви случаи, а потоа странките ги упатува да поведат судска парница. Во меѓувреме, се случуваат разни кривични дела. Насилствата од ваков вид практично го парализираа и онака лошото функционирање на правната држава. Полицијата не е многу ангажирана, исто и судството. Голем број граѓани станаа заложници на насилници, на рекетари, на уценувачи, на слободни стрелци кои се најмуваат на пазарот како да земате рентакар. Тие што ги бараат услугите на рекетарите тврдат дека легално, преку судски инстанци, не можат да ги остварат своите законски права и оти единствен начин да дојдат до своите пари се овие насилници, кои често знаат да се завртат и против сопствените нарачатели.

Во секој помал град во Македонија, во локалните кафулиња, како украсен декор, седат млади лица со габаритна физика, со потстрижени глави, дебели, мускулести куси вратови на кои висат дебели златни синџири со крст или полумесечина или симболите „вера љубов и надежжи и златни белезици на десната и со „картиеее“ на левата тетовирана рака.Тие се заштитен знак на градот. Страв и трепет. Тие се закон. Самите се нарекуваат заштитници на трговски објекти, златарници, маркети, установи, автомобилски салони, слаткарници, на сопственици на бутици, кафулиња, амбуланти, ординации и на бизнисмени или на партиски или политички личности. Народот ги нарекува како што треба: рекетари, изнудувачи, насилници, грабнувачи, неранимајковци.Тие седат по кафулињата, со сув „џек дениелссс“ со индиски оревчиња и пржени ракчиња и „давидоффипо некоја извршена акција на насилство или чекаат да бидат најмени.

Во Охрид против рекетарите се изречуваат прекршочни и кривични казни, но никако да одат во затвор. „Станува збор за познати прекршители на јавниот ред и мир и сторители на кривични дела. Против нив повеќе пати се пишувале пријави, а другото е работа на судските органи°, вели Петар Коровешоски, началник на СВР-Охрид. „Ќе побарам поголема ефикасност во справувањето со нарушувачите на јавниот ред и мир и безбедноста°, е ставот на охридскиот градоначалник Александар Петрески. Охридската јавност прашува како е можно луѓе кои учествувале во демолирањето на дел од полициската станица во Охрид, во неколку крвави тепачки, пукале и тешко раниле неколкумина да се наоѓаат на слобода и повторно да предизвикуваат инциденти.

Очигледно, некој им помага да ги избегнат казните. Во Тетово грижата за обезбедување кафулиња, пицерии, ресторани, бизнис-објекти, приватни капацитети и бизнисмени, трговци, политичари и партиски простории ја имаат рекетарите. Сопствениците на угостителски или трговски објекти избегнуваат да спомнат име на рекетар. Нив во Тетово ги има најмалку дваесет групи со по шест-седум изнудувачи. „Цел ден седат по кафулиња, пицерии и ресторани. Јадат и пијат на сметка на домаќинот. Угостителите не смеат да се спротивстават, ни рече еден соговорник, сопственик на златарница и кафуле. Тетовските „кртовиии“, „црвиии“ и како уште се нарекуваат самите остваруваат тесни врски со скопското подземје, но и со слични во Албанија и во Бугарија. Возат силни автомобили БМВ, „мерецедесиии, „голфовиии“, „аудиии“,,,“поршеааа“. Некои се поврзани со структури во полицијата и во судството. Во СВР-Тетово не го коментираат присуството и однесувањето на овие рекетари. Во Струмица изнудувачите најмногу се присутни низ угостителските и трговските објекти и фирми. Така е и во секој друг град во државава. Полицијата, наводно, нема докази да реагира, а судството чека комплетни досиеја да суди.

Во Скопје ги има најмногу. Наш соговорник, полициски инспектор во Одделот за борба против секаков вид насилство, тврди дека има над сто групи од три до седум изнудувачи, заштитници, кои со сила „вршат услугиии“ на сопственици на разни претпријатија. Најмногу се ангажирани од лица кои враќаат свои пари од зајмувачи, исто така махери, кои заборавиле дека се должни, а судот не е заинтересиран таквите случаи да ги реши бргу или во примерно време.Во Македонија класичното рекетарство, изнудувањето, насилното наплатување за наводна заштита на имотот и луѓето, влезе пред најмногу десет или дванаесет години. Првиот час по рекетарство го одржаа насилниците при демонтирање на ноќниот клуб „Хард роккиво Скопје, под закрила на СДСМ. Случајот и денес, полициски и судски, не е расчистен. Истовремено, во Градскиот парк во Скопје беа уапсени шест изнудувачи, фатени на дело. Уценетиот бизнисмен со кафе, кај фонтаната во Градскиот парк, на рекетарите кои го уценуваа со убиство, во актовка им предаде 250.000 марки, наводно за да го заштитуваат неговиот бизнис, и покрај неговото противење да ги најми. Откако ги предаде парите, според планот, полициски инспектори ги уапсија сите шест рекетари. Највисока казна доби водачот на рекетарите- една година затвор во †Идризовоои. Вратата на рекетарството во државава беше широко отворена.

Политичкото рекетарство се појавуваше и се појавува пред секои парламентарни, локални и претседателски избори. Партиите најмуваат „бричени главиии“ да ги заплашуваат избирачите. По изборите, во зависност од тоа кој победил, рекетарите или се повлекуваат во илегала или стануваат главни изнудувачи, заштитени од партијата на власт. Економското рекетарство е најсилно. Изнудувачите, откако ќе дознаат дека на некого добро му одат работите, почнуваат да го уценуваат и да земаат процент . Лихварското рекетарство е најнеобјасниво. Во тој незаконски бизнис влегуваат лица кои зајмуваат пари и лица кои бараат заеми, а потоа не можат да ги вратат. Најчесто тоа се случува при големи партии комар или во легалните коцкарници,кога се зајмуваат пари од рекетари и од луѓе на кои им е работа тоа. Во Македонија се случуваат вистински драми и семејни трагедии по големи загуби пари на комар. Се губат станови, куќи и викендички. Цели семејства осиромашуваат и ги плаќаат долговите со години. Функционерското рекетарство е најзаштитено. Во него се вмешани најчесто синови, но и членови на семејства на влијателни функционери или влијателни бизнисмени. Заштитените таткови галеничиња прават сў што сакаат и пак се слободни и недопирливи.

Дали државава има сила да се ослободи од нив. „Нолимус аут велимусси? Сакаат ли надлежните да ги снема таквите?

Полицијата тврди дека докажувањето рекатарство е многу тешка работа. Испреплетени се состојбите: во секоја интервенција следува противинтервенција. Од власта, од влијателни лица, од бизнисмени, од лица кои се поврзани семејно со изнудувачи, со оние кои барале заштита од рекетари, од влијателни полицајци или политичари, без разлика дали се на власт или не се. Во судството и во полицијата има структури кои ги штитат пропаднатите бизнисмени, лихварите, трговците со незаконска стока. Сите тие по правило најмуваат рекетари да бидат заштитени. Министерот за внатрешни работи, Љубомир Михајловски, како што дознаваме од полициски извори, од петни жили настојува, без разлика на сў, неговата †армадааи да влезе во војна со рекетарството и со заемодавците. Но, очигледно, отпорите се големи и во полицијата и во политичките елити, затоа истражните органи се недоволно агилни во прибирање аргументи, докази и сведоци, така што обвинителствата ги одбиваат полициските пријави, а во многу случаи и валидните докази не се многу почитувани од обвинителствата и од судските совети. Рекетарите имаат направено погодна клима на одбрана: ако се загрозени, знаат кому да му се јават за да бидат заштитени!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сопствениците на барот во Кран-Монтана признаа дека немало систем за гаснење пожар, а излезите за итни случаи биле блокирани

Објавено пред

Сопствениците на швајцарскиот бар каде загинаа 40 лица, а 116 беа повредени, Жак и Џесика Морети, признаваат дека во објектот немало спринклер-систем и дека вработените не биле обучени за постапување во случај на пожар. По првото сослушување, во јавноста излегуваат нови детали.

dobivaj vesti na viber

Пожарот го предизвикале прскалки, излезите за итни случаи биле блокирани, а меѓу повредените имало и малолетници. Според телевизијата BFMTV, двајцата во одделни сослушувања дале детални искази за случувањата таа кобна ноќ.

Според исказите на Џесика и Жак Морети, вечерта во клубот „Ле Констелејшн“ започнала мирно. Џесика пристигнала околу 22:30 часот, додека Жак се наоѓал во друг локал што исто така е во нивна сопственост – барот „Сенсо“.

– На полноќ имаше многу малку луѓе. Подоцна клубот се наполни и во еден момент имаше околу 100 гости – рекла Џесика.

До пожарот дошло кога келнери на рамењата носеле шишиња со запалени прскалки до масите.

– Одеднаш почувствував немир во толпата. Видов портокалова светлина во еден агол од барот. Веднаш извикав: „Сите надвор!“ и ги повикав пожарникарите – раскажала Џесика Морети.

Жак Морети, кој во тој момент бил во барот „Сенсо“, околу 1:28 часот добил паничен повик од сопругата:

– Му реков: „Гори, дојди веднаш!“ Разговорот траеше единаесет секунди.

Кога пристигнал на местото, клубот веќе бил полн со чад. Главниот влез бил непрооден, а задната врата заклучена одвнатре. Заедно со уште две лица ја обиколил зградата и ја отклучил вратата.

– Кога се отвори вратата, повеќе луѓе лежеа без свест на подот – навел тој.

Истрагата брзо се насочила кон безбедносните мерки во клубот. Според BFMTV, сопствениците навеле дека локалот го презеле во 2015 година и темелно го реновирале. Електричните инсталации и вентилацијата ги поставувале надворешни фирми.

Клубот имал еден главен излез и еден излез за итни случаи, кои, според Жак Морети, биле соодветно обележани. Фотографиите до кои дошол BFMTV ги потврдуваат тие тврдења.

Сепак, Морети признаа дека во објектот немало спринклер-систем и дека вработените не биле специјално обучени за постапување во случај на пожар. Прскалките што го предизвикале пожарот, како што велат, биле вообичаени на роденденски прослави.

– Прскалките горат 30 до 40 секунди, доволно за да се донесат од барот до масата, без никој да биде повреден – рекол Жак Морети.

Дополнителен проблем било присуството на малолетници во барот. Сопствениците изјавиле дека на лица помлади од 16 години не им дозволуваат влез, додека за гостите од 16 до 18 години бараат придружба од возрасен.

– Правиме сè што можеме за тоа да го обезбедиме, но не е исклучено во поединечни случаи да дојде до грешки – признал Жак Морети.

Сепак, ноќта на трагедијата во клубот имало повеќе малолетници, вклучувајќи и деца помлади од 16 години. Дел од нив не го преживеале пожарот.

Против Џесика и Жак Морети во меѓувреме е подигнато обвинение за убиство од небрежност, ненамерно предизвикување пожар и нанесување телесни повреди.

Истрагата сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Европа

Снег, дождови и силни ветрови предизвикуваат проблеми низ Европа

Објавено пред

И денеска во Европа различни екстремни временски услови создаваат големи проблеми: снег и откажани летови во Холандија, забрана за товарен сообраќај во североисточна Франција, отежнат сообраќај на траектите во Грција и жолто предупредување во Велика Британија за снег, обилни дождови и силни ветрови.

dobivaj vesti na viber

Холандија

Невремето денеска предизвикува откажување и одложување на летови на аеродромот Шипхол во Амстердам – четири летови се откажани, а четири се одложени. Железничкиот сообраќај исто така е погоден: пријавени се задоцнувања на повеќе линии, додека сообраќајот меѓу Мастрихт и Лиеж е запрен до утре вечер. Снежните врнежи се очекуваат прво во северните, централните и источните покраини, а потоа постепено ќе преминат во дожд.

Франција

Околу 700 возачи на камиони се заглавени на автопатот А36 на североистокот и на RN57 во департманот Дуб и Жира, поради снежните врнежи кои го погодија источниот дел од земјата. Патиштата се затворени за возила над 3,5 тони до утре. Минатата ноќ работеле само машини за чистење снег, а Црвениот крст им доставил храна за возачите на камиони.

Грција

Траектите денеска постепено продолжуваат со сообраќај, откако ветровите попуштиле. Повеќето линии започнале нормално да пловат од раното утро, особено од пристаништето Пиреј. Сепак, властите предупредуваат дека рути можат да бидат откажани поради брзо менливите временски услови. Снежни врнежи се очекуваат во северните и планинските области, а се прогнозира и нагло намалување на температурата.

Велика Британија

Во многу делови на земјата е во сила жолто предупредување за снег, силни ветрови, мраз, обилни врнежи и поплави. Ова се однесува на централна и североисточна Шкотска, од северно од Глазгов до Абердин, и е во сила до 14:00 часот денеска. Метеоролозите најавуваат можни силни дождови, силни ветрови и снег, но со благо зголемување на температурите.

Германија

По неколкудневната зимска бура „Ели“, ситуацијата денеска се подобрува. Метеоролошката служба ги укина претходните предупредувања за обилни врнежи. Снежните врнежи до вчера предизвикуваа откажување на возови, пролизгување на автомобили и опасен мраз на патиштата.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во многу региони на земјата енергетската состојба и понатаму е тешка, поради руските напади врз критичната инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

„Енергетските работници и екипите за поправки работат ден и ноќ за да го обноват снабдувањето со електрична енергија, греење и вода за луѓето. И ова е навистина монументален напор, кој има големо значење за нашите граѓани, за обнова на нормалниот живот по постојаните руски терористички напади“, рече Зеленски во објава на платформата Икс.

Според него, Русија оваа недела лансирала скоро 1.100 борбени дронови против Украина, повеќе од 890 водени авионски бомби и повеќе од 50 ракети од различни типови, меѓу кои и балистичка ракета со среден дострел „орешник“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет4 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет4 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет4 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет4 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет5 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија17 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија19 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија20 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија21 час

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ23 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија23 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...