Регион
Антивладини протести во Букурешт по трагедијата во ноќниот клуб

Околу 15 илјади луѓе протестираа во романската престолнина Букурешт во вторникот навечер, барајќи оставка од социјалдемократскиот премиер Виктор Понта и министерот за внатрешни работи Габреил Опреа, по пожарот кој ноќта кон минатата сабота во кој загинаа 32 млади луѓе.
„Понта оставка“, „Опреа оставка“, „Убијци“, беа повиците на собраните демонстранти на плоштадот Викторија, спроти зградата на романската влада во центарот на Букурешт. Некои од противниците на власта носеа романски национални знамиња со дупка, симбол на народната револуција против режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску пред 25 години.Демонстрантите излегоа на улиците организирани преку социјалните мрежи и прво протестираа пред министерството за внатрешни работи, а потоа се упатија кон парламентот. Пиротехничко шоу за време на промоција на албум на хевиметал група го предизвика пожарот во ноќниот клуб во Букурешт, во кој загинаа 26 лица. Од 200-те повредени, следните денови во болниците починаа уште шест лица, а меѓу жртвите има и малолетници.Ноќниот клуб, отворен во поранешна фабрика за обувки во центарот на Букурешт, немал потребни дозволи за организирање концерти, како ни за употреба на пиротехника. Тројцата сопственици на клубот претходно во вторникот беа притворени. Во понеделникот неколку познати ноќни клубови во Букурешт и во другите романски градови објавија дека во следниот период ќе бидат затворени.Демонстрантите за медиумите изјавија дека протестираа на улиците во „знак на солидарност со жртвите во пожарот во клубот Coletciv, во знак на протест против владата и против градоначалникот на 4-от округ во кој се наоѓа клубот, како и против системот кој дозволил да се случи ваква трагедија“.По трагедијата, најголемата од овој вид во романската престолнина последните неколку децении, претседателот Клаус Иоханис со особено остри изјави се залагаше за темелни промени во романското општество. Премиерот Виктор Понта, кој и самиот е обвинет за корупција, со месеци е под притисок, а претседателот и опозицијата бараат да отстапи од должноста./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.