Свет
Пет години од трагедијата во Беслан
На почетокот од учебната година, пред пет години чеченските бунтовници убија 186 ученици во градот Беслан, во Северна Осетија
Русија одбележува петгодишнина од опсадата во Беслан, во која загинаа повеќе од 330 луѓе откако училиште беше окупирано од чеченските бунтовници, а рано утринава преку 2.500 луѓе се собрале пред училиштето во кое се случи трагедијата.Регионалните власти положиле цвеќе во спортската сала каде биле држани заложниците. На средината од салата бил поставен крст, а на ѕидовите од салата биле поставени венци и фотографии на тие коишто загинале во масакарот, пренесува РИА Новости.
Бунтовниците, кои држеа повеќе од 1.000 луѓе во заложништво, бараа повлекување на руските трупи од Чеченија.Опсадата заврши по три дена кога безбедносните сили навлегоа во зградата. Од загинатите во битката што претстоеше, 186 беа деца. Заложниците насилно биле внесени во гимназиската сала на училиштето, чувани без храна и вода, под бомби и заврзани за кошевите. Опсадата заврши катастрофално кога бомбите експлодирале, а руските војници, кои се зазеле на јуриш во зградата налетале на оган од резервоарите.Никој не знае кој ги запалил резервоарите во училиштето, кога толку многу деца биле држани внатре, прашува BBC.Трагите од бомбардирањето се’ уште стоеле во училиштето како потсетување на трагедијата, пишуваат странските медиуми.
Oколу 3.000 полициски службеници ги обезбедувале училиштата во Северна Осетија, а локалното министерство за внатрешни работи изјавило дека полицијата ќе остане во училиштата уште три дена, обезбедувајќи ја наставата, дознава РИА Новости.Минатата недела, рускиот министер за внатрешни работи, Рашид Нургалиев, побарал засилено обезбедување на училиштата во регионот, во пресрет на годишнината во Беслан, и во поглед на неодамнешното зголемување на насилствата во Северен Кавказ. Тој исто така искажал и грижа поради отсуството на безбедносни гарди во повеќето руски училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

