Регион
Турција резервирана во поглед на европскиот план за мигрантската криза
Турција со многу резерви ги дочека ветувањата на Европската унија дела ќе ѝ помогне да го издржи прифаќањето на повеќе од два милиони сириски бегалци на нејзина територија, жалејќи се на недостиг од финансии и особено на доцнењето на таквата поддршка.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во понеделникот му го претставил на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „нацрт планот за дејствување наменет за запирање или барем за забавување на приливот имигранти кои секојдневно на секакви можни начини се обидуваат да ја напуштат Турција и да влезат во Европската унија.
Во замена за финансиската помош од 1,1 милијарди евра, Брисел ја притиска Анкара да ги задржи оние коишто имаат намера да се упатат кон границите на ЕУ на нејзина територија со воспоставување центри за прифаќање на барателите на азил. ЕУ, исто така, се залага Турција да го засили надзорот на своите брегови, од каде што повеќето имигранти тргнуваат кон блиските грчки острови. Но, очекувано турската влада со скепса па и со гнев ги пречека апелите на Брисел.
„На ЕУ ѝ се брза, нам не…. Но ние веќе четири години го правиме она што ни го пишуваат во тој план. Финансиската рамка предвидена со тој план, исто така, би требало да се зголеми“, рекол неименуван турски владин функционер, пренесува AFP.
Според официјалната процена, речиси 2,5 милиони луѓе, односно 2,2 милиони Сиријци и околу 300.000 Ирачани, изминативе четири години се засолнале во Турција бегајќи од граѓанските војни во нивните татковини. Анкара објави дека досега потрошила повеќе од 6,5 милијарди евра за нивното прифаќање./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.