Надворешна политика
Бесими – Хан: ЕК очекува Македонија да продолжи со реформската агенда
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во вторникот оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, при што двајцата дискутираа за напорите на Владата на Република Македонија во насока на спроведување на реформите кои се неопходни за успешна реализација на евроинтегративниот процес, како и за статусот на спроведувањето на ИПА.
На состанокот се разговараше за спроведувањето на приоритетните активности, произлезени од Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија, меѓу другото и за областите, слобода на изразување и медиуми, судство, борба против корупција и организираниот криминал, меѓуетнички односи, реформи во јавната администрација, добрососедски односи, регионална соработка и зголемување на економскиот раст и вработување.
Бесими, се осврна и на потребата од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), со цел одржување на динамиката во реформскиот процес и постигнување на инклузивност преку политички дијалог и вклучување на општествените чинители, што ќе придонесе кон кредибилноста на процесот на европска интеграција на Македонија.
Меѓу другото, на состанокот дискутиран беше и статусот на спроведување на ИПА, Акцискиот план за подобрување на искористеноста врз основа на научените лекции, програмирањето на ИПА 2015-2016, како и за можноста за помош од страна на Европската унија и нејзините земји членки со цел санирање на настанатите штети во поплавените подрачја.
На крајот беше истакнато дека интерес и на Европската комисија и на Македонија е поскоро отворање на пристапните преговори и членство на земјата во Унијата. Во таа насока од Европската комисија очекуваат Македонија да работи кон надминување на предизвиците со кои е соочена и да ја одржи реформска агенда./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.