Регион
Грција би можела помошта да ја бара еврозоната

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави во вторникот дека Атина би можела да се сврти кон Америка, Русија или Кина, доколку пропадне договорот со еврозоната за ублажување на условите за отплаќање на грчкиот долг.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави во вторникот дека Атина би можела да се сврти кон Америка, Русија или Кина, доколку пропадне договорот со еврозоната за ублажување на условите за отплаќање на грчкиот долг.
Панос Каменос, кој е челник на партијата од крајната десница Независни Грци помалиот коалиционен партнер во владата предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза а ги поврза заедничкото противење на „тројката“ меѓународни кредитори, изјави дека Грција мора да има план „Б“, доколку еврозоната ги одбие нејзините предлози.
Атина се подготвува да го изложи својот случај во среда на состанокот на еврогрупата, односни министрите за финансии на 19-члената еврозона. Грција тврди дека и’ се претешки условите за враќање на кредитот 240 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија, и покрај тоа што и’ беа отпишани стотина милијарди евра долг кон приватните доверители, во замена за острите мерки за буџетски кастрења, реструктуирање и приватизација.
Фунцкионери на Европската унија досега одбиваа да ги прифатат грчките напори да издејствуваат реструктуирање на кредитните услови, иако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сака да види дали Грција ќе понуди „одржлив предлог“ на состанокот во среда.
„Сакаме договор. Доколку нема договор и доколку Германија остане ригидна и сака да ја разнесе Европа,наша обврска е да имаме план Б. А планот В е да се најде друг извор за финансирање. Тоа би можело да бидат САД, во најдобриот случај, би можела да биде Русија, би можела да биде Кина или четврти“, изјави Каменос за телевизијата Mega.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас во вторник во посета во Берлин, а потоа во среда го продолжува својот пат во Москва.
Победата на Сириза на изборите на 25-ти јануари ги предизвика нагаѓањата дека Грција би можела да се репозиционира и да се приближи кон Русија, но владата засега ги отфрла таквите можности. Ципрас претходено ги возбуди духовите откако ден откако ја положи свечената обврска како најмлад премиер во историјата на Грција, го прими рускиот амбасадор во Атина, кој стана првиот странски функционер кој разговараше со премиерот кој доаѓа од радикалната левица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Кога историјата се препишува, жртвите стануваат џелати, а ослободителите стануваат криминалци

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е горд на фактот што Српска денес стои рамо до рамо со Русија во борбата против заборавот, посочувајќи дека ревизионизмот не е само опасност за историјата, туку и опасност за сегашноста и иднината, бидејќи ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви.
Додик го кажа ова во колумна за бањалучкиот „Глас Српска“ по враќањето од Москва, каде што присуствуваше на парадата по повод Денот на победата над фашизмот, каде, како што истакнува, Република Српска е препознаена како горд, достоинствен, цврст и искрен меѓународен актер.
„И таму, на Црвениот плоштад, стоев рамо до рамо со оние кои знаат што значи да се бориш и да умреш за слобода“, изјави Додик, истакнувајќи дека Република Српска е пречекана во Москва како пријател, и дека е горд што е под нејзиното име и што Република Српска има свое место меѓу оние кои се бореле против фашизмот и кои денес стојат зад вистината.
„Советскиот Сојуз направи незамисливи жртви. Повеќе од 27 милиони луѓе загинаа за време на Втората светска војна. Да, 27 милиони. Тоа се повеќе жртви отколку Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција заедно. Тоа е бројка што сведочи за тоа колку Русите ја платија цената за слободата на светот. Гледајќи ја парадата, се сетив на тие жртви. Се сетив дека без нив можеби немаше ни да постои денешна Европа, можеби немаше ни да постои слободата што ја земаме здраво за готово денес“, рече Додик.
„Двајца од тројцата најголеми светски лидери – Владимир Путин и кинескиот претседател покажаа дека се искрени пријатели на Република Српска. И во време кога светот минува низ големи промени, кои можат да се споредат само со оние по победата над нацизмот, Република Српска има пријатели на силни места. Пријатели кои знаат што значи да се бориш против хегемонијата, против препишувањето на историјата и вистината“, рече претседателот на Република Српска.
Ревизионизмот, истакнува тој, не е само опасност за историјата – тој е опасност за сегашноста и иднината.
„Затоа што ако дозволиме вистината да се промени, што нè спречува повторно да станеме жртви? Ако историјата се препишува, тогаш жртвите стануваат џелати, а ослободителите стануваат криминалци. Затоа денес, со ова искуство од Москва, велам: Нема да заборавиме. Нема да дозволиме да ни ја одземат вистината за нашата борба против фашизмот. Нема да заборавиме 27 милиони Руси и стотици илјади Срби кои ги дадоа своите животи за слобода“, изјави Додик.
Регион
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ.
Според објавените информации, земјотресот бил на длабочина од 71 километар.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Турција.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.
Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.
„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.
Владата го критикуваше ова, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.
Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој е неконзистентен со неколку членови од бугарскиот устав и договорите на ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.
Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.
Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.