Црна хроника
Возило виси на мостот „Гоце Делчев“, еден загинат
Возач на „фиат пунто“, роден 1955 година, почина утрово во сообраќајна незгода, на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, откако претходно се судрил со „цитроен“, и ја пробил оградата на мостот, велат од МВР за Макфакс.
Тешка сообраќајна несреќа, утрово во 9.50 часот се случи на мостот „Гоце Делчев“, на потегот од ТЦ „Мавровка“ кон Влада, кога возило марка „Пунто“ се судрило со „Цитроен“, а „Пунтото“ ја пробило кованата ограда и виси над реката Вардар.Загинатиот е 61-годишен маж од Скопје, а причините за несреќата се уште се утврдуваат.Итната медицинска помош и екипи на противпожарната служба веднаш пристигнаа на местото на настанот се обидуваат да го спасат возачот на „Пунто“ и да го извлечат автомобилот на коловозот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

