Македонија
Претседателот на ДИК ќе се гласа во петок
Во петок Собранието ќе гласа за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Иако оваа точка беше ставена на дневен ред на денешната седница, поради неприсуството на пратениците од ДУИ, не се гласаше по истата.
Во петок Собранието ќе гласа за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Иако оваа точка беше ставена на дневен ред на денешната седница, поради неприсуството на пратениците од ДУИ, не се гласаше по истата. За избор на претседател на ДИК потребно е двотретинско мнозинство. За бојкотот на денешната седница од страна на ДУИ сеуште нема официјален став, но најверојатно тоа е израз на нивното незадоволство од изборот на гувернер на Народна банка. Меѓудругото требаше да се гласа и за уставниот амандман 32, односно за екстрадицијата на македонски граѓани од државата и од други земји, меѓутоа и за оваа точка беа потребни 81 глас па гласањето е одложено за во петок. Денеска се расправаше и за формирањето на привремена Комисија за утврдување на состојбите во избирачкиот список. Пратеничката Роза Топузовска-Каревска од ЛДП реагираше дека не била консултирана, а била ставена за член на комисијата. Таа посочи дека Комисијата треба да се темели на доверба, посебно поради како што рече фактот дека на секои избори се оди со непрочистен Избирачки список. Целокупната ситуација во Собранието ја опиша со три збора: хипокризија, популизам и провокација на власта. За формирањето на Комисија се очекува да се гласа во текот на денот. крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

