Црна хроника
Момче загина во сообраќајка на патот Градско – Прилеп
Едно момче загина, а уште двајца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во неделата вечерта околу 21.40 часот на патот Градско _ Прилеп на крстосницата кон село Сирково, кај бензинска пумпа „Црна Река петрол“.
Автомобил марка „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, од засега непознати причини удрил во бетонска ограда. Во несреќата и возачот и двајцата сопатници, сите од селото Сирково, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.Возачот, дваесет идвегодишниот Благоја Д. им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Кавадарци и увидна екипа од полициска станица Кавадарци коишто ги утврдуваат причините за несреќата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

