Црна хроника
Со пивско шише скршена шофершајбната на автобусот на „Пелистер“
Скопјанец фрлил со пивско шише и ја скршил задната шофершајбна на автобусот во кој се превезувале играчите на фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола кој се движел кон стадионот „Филип II“.
Во инцидентот што се случил во неделата околу 15.20 часот нема повредени патници, а за инцидентот е приведен дваесет и тригодишен скопјанец.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во неделата на стадионот се одигра фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Пелистер. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.