Спорт
Реал ќе го ангажира Кака доколку Перез стане претседател

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе го ангажира Кака доколку на претседателските избори победи Флорентино Перез
Флорентино Перез во четвртокот официјално ја потврди својата кандидатура за претседател на Реал Мадрид и навести спектакуларен проект иако не сакаше да објави имиња на играчи кои ќе се обиде да ги донесе во клубот.Marca и AS двата Мадридски весници објавија дека Перез веќе има постигнато договор со таткото на Кака, Бошко Леите за преселба на Бразилецот на Сантајаго Бернабе.AS вели дека Кака ќе добие петгодишен договор и плато од 8 милиони евра и ќе се пресели во Реал Мадрид доколку Перез победи на претседателските избори во јуни.Весникот вели дека Милан е тој што треба да даде зелено светло за реализација на трансферот и сугерира дека Росоњерите се подготвени за продажба на Бразилецот.Marca оди подалеку и вели дека веќе е договорена и оштетата за Кака, а Кралевите на Милан ќе им исплати околу 63 милиони евра.Слични информации на Мадридските весници се појавија и пред неколку недели но тогаш Кака рече дека е среќен во Милан и негираше дека бил во контакт со некој од Реал Мадрид а и неговиот татко Леите ги отфрли натписите на Marca и AS.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.
Спорт
Џака се врати во Премиер лигата

Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд.
Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо.
Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра.
Џака ќе потпише договор до летото 2027 година.
32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што претходно играше за Арсенал од 2016 до 2023 година.
Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин