Спорт
ЦСКА ги повикува големите клубови на понуди за нивните фудбалери
Претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер истакна дека клубот може да се раздели до некои од своите фудбалери за кои се зборува дека се дел од интересите на европските клубови.
Претседателот на рускиот клуб беше одлучен во тоа дека треба да бидат доставени конкретни понуди пред 25 август и дека потоа клубот нема да разгледува ниту една од нив.Како што е познато, левото крило на московскиот клуб, Јуриј Жирков е дел од плановите на Челзи и се смета дека сопственикот на клубот, Роман Абрамович ќе достави понуда од 15 милиони фунти за него и младата ѕвезда на ЦСКА, Алан Џагоев.Напаѓачот Вагнер Лов е цел на интересите на неколку европски клубови меѓу кои се појавуваат имињата на Тотенхем, Евертон и Манчестер Сити.Медиумите во Русија го поврзуваат голманот Игор Акинфеев со преминување во клуб од типот на Арсенал и Милан.Имено, поради тие шпекулации, претседателот на ЦСКА изјави дека може да ги пушти во европските клубови четирите ѕвезди, но понудите треба да бидат сериозни и навремени.”Се уште не знам со каков состав ќе играме во Лигата на шампиони. Ако некои од клучните фудбалери не напуштат ова лето, треба да најдеме што побрзо нивна замена”- кажа Гинер.”Затоа сите понуди доколку пристигнат по 25 август нема да бидат разгледани без разлика од големината”- заврши претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.