Регион
Сириза ја загуби предноста во анкетите

На безмалку три седмици пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Грција, десниот центар првпат оствари блага предност пред радикално левата владејачка Сириза на досегашниот премиер Алексис Ципрас, покажува анкетата која ја објави во средата навечер телевизијата Mega TV, спроведена од 31-ви август до 2-ри септември.
Главната опозициска партија Нова демократија според ова истражување на јавното мнение би добила 25,3 отсто од гласовите, наспроти чисти 25 проценти за Сириза. Според коментаторите, ова е уште еден од показателите дека одлуката да оди на предвремени избори може да има бумеранг ефект за Алексис Ципрас.
Ципрас поднесе оставка на 20-ти август по завршувањето на преговорите со меѓународните доверители при што договарајќи го третиот пакет финансиска помош за Грција мораше да ги погази изборните ветувања благодарејќи на кои дојде на власт со предвремените избори на 25-ти јануари годинава. Одејќи на избори, Ципрас се надеваше дека ќе ги зацврсти позициите на својата влада, откако во Сириза настана бунт и од парламентарната група се одвоија неколку десетици пратеници, со што во прашање беше доведено мнозинството на левицата.
Во споменатата анкета, исто така, првпат се покажува дека челникот на конзервативците, Евангелос Меимаракис со 44,3 отсто е попопуларен од Алексис Ципрас кој во моментов има поддршка од 41,9 отсто од гласачите.
Неонацистите од Златна зора, против чии челници се водат судски спорови а самата партија може да биде прогласена за злосторничко здружение, е на третото место со 5,5 отсто гласови.
Дисидентите од Сириза, кои го формираа евроскептичното движење Народно единство кое сака раскинување на договорот со кредиторите и излегување од еврозоната, а го води сменетиот од Ципрас поранешен министер за енергетика Панајотис Лафазанис, во оваа анкета добиле 4 отсто поддршка.
Мнозинство од испитаниците се изјасниле во полза на коалициона влада, и тоа 58,9, и тоа во периодот кога Ципрас повика избирачите да му дадат „силен мандат, апсолутно мнозинство“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.