Контакт

Регион

Србија подготвува голем дочек на Путин, балансирајќи меѓу Русија и ЕУ

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во Белград ќе биде пречекан со особени почести, меѓу кои се издвојува неговото присуство на воената парада во чест на 70-годишнината од ослободувањето на српската престолнина за време на Втората светска војна. Србија го зема курсот на евроинтеграциите но се труди да ги има предвид и интересите на Русија, со којашто тесно е поврзана културно, политички и економски, и од којашто очекува нови инвестиции, оценува пред посетата на рускиот челник агенцијата РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Поради доаѓањето на рускиот претседател, српските власти ја поместија датата на традиционалното одбележувањето – 20-ти октомври, кога се одбележува Денот на ослободувањето на Белград, а покрај тоа и првпат по 1985 година ќе се одржи воена парада, во којашто ќе учествуваат 4.500 војници од сите родови војска.Посетата на Путин на Србија се случува во периодот кога владата во Белград се обидува да балансира меѓу интересите на Истокот и на Западот. Од една страна, српските власти се определија во своите намери да се приближат кон Европската унија. Од друга страна, пак, тесните историски и економски врски со Русија, со која Белград има договор за слободна трговија и договор за стратешка соработка, го тераат Белград да дејствува земајќи ги предвид сите интереси. Притоа, на адреса на Белград се сѐ погласни критиките од Западот во врска со одбивањето да се придружи на санкциите против Русија поради украинската криза.Србите упорно стојат на своите позиции, а надворешниот притисок од Западот по споменатото прашање, Белград веќе и не го одрекува. Мината седмица српскиот амбасадор во Москва, Славенко Терзиќ изјави дека „неодамна еврокомесарот (за регионални политики) Јоханес Хан напомна дека е потребно уште еднаш да се разговара за пристапувањето на Србија кон ЕУ“.Европската унија и земјите од групата седум најразвиени земји Г7 предводени од САД од пролетва воведоа неколку пакети санкции против руски политичари, деловни луѓе и компании, од секторите на одбраната, енергијата и финансиите, поради присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинската територија, како и поради разгорувањето на украинските криза и конфликтот во југоисточните проруски региони за што е обвинета Москва. Од друга страна, Русија наметна ембарго за увозот на земјоделски и прехранбени производи од ЕУ, САД, Канада, Австралија…, што некои земји како Србија, на пример, се обидуваат да го искористат за пласирање на своите производи.Но покрај политичките аспекти, Србија ја загрижуваат и економските прашања. Белград, кој буџетскиот дефицитот, кој во 2014 година го проектираше на 8,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), очекува од Русија економска поддршка, и земјата јасно се дефинира во градењето на стратешко партнерство со Москва, смета српскиот политички аналитичар Драгомир Анѓелковиќ.Токму и за тоа во својата последна изјава говореше шефот на српската влада Александар Вучиќ. Според него, за време на посетата (на Путин) „ќе бидат дискутирани конкретни теми за соработката на двете земји во областа на економијата, енергетиката и земјоделието“. „Поточно, Србија очекува зајакнување на економската соработка, не само преку меѓусебната трговија, туку сериозно преку влез на руски капитал во стратешките области, како што е учеството во компанијата ‘Петрохемија’. На самата Србија на внатрешен план ѝ е потребен некој вид баланс. Тоа значи дека за Белград е важно да го зголеми уделот на Русија не само во енергетиката, туку и да има руско присуство и, на пример, во медиумите и другите важни сфери кои влијаат врз општествено-политичкиот живот“, вели аналитичарот Анѓелковиќ во разговорот за РИА Новости.Кога станува збор за можностите за соработка во воената сфера, Србија нема финансиски капацитети да се снабдува со нова технологија, но двете земји може да разгледаат учество во заеднички проекти во производството во одбранбената индустрија, смета натаму српскиот политиколог.За најголема руска инвестиција во Србија се смета купувањето на „Газпром нефт“ на контролниот пакет акции на српската национална нафтена компанија NIS во периодот од 2008 до 2009 година. Руската компанија купи 51 отсто акции во рамките на меѓувладините договори меѓу Белград и Москва, плаќајќи 400 милиони евра и обврзувајќи се на инвестиции во износ од 500 милиони евра.Другата голема руска инвестиција се однесува на идниот магистрален дел од рускиот гасовод Јужен тек во должина од 422 километри на српска територија. Неговата вредност во јули годинава беше проценета на 2,1 милијарди евра, а на неговата изградба ќе бидат ангажирани околу 2.500 луѓе. Србија, исто така, очекува дека нејзините приходи од транспортните такси и даноци на гасоводот ќе изнесуваат 300 милиони евра годишно./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Дачиќ: Вонредна состојба во осум општини, по временските проблеми, ситуацијата се стабилизира

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека вонредната состојба е на сила во осум општини и изјави дека ситуацијата во Србија е релативно нормализирана по временските проблеми, како и дека снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ изјави дека вонредната состојба е сè уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупње, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата на општина Лучани, и најави дека во петок повторно ќе се одржи состанок на Републичкиот штаб за вонредни состојби, на кој ќе се дискутира моменталната метеоролошка и хидролошка состојба во земјата.

Кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, Дачиќ изјави дека четири локални заедници се без електрична енергија во Мајданпек, дека 141 потрошувач немаат електрична енергија во Прибој, 325 во Ариље, 22 во Чајетина и 12 потрошувачи во Куршумлија.

„Ситуацијата овде, барем според овие податоци, е стабилизирана“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ рече дека Одделот за вонредни ситуации имал 133 интервенции од 4 јануари, во кои биле ангажирани 297 пожарникари-спасувачи со 142 возила, 25 пумпи и три чамци, и дека 42 лица се евакуирани.

„Теренот сè уште се посетува, ангажирани се пожарникари, припадници на полицијата каде што е потребно, како и армијата, Црвениот крст и цивилната заштита, и можам да кажам дека ситуацијата е релативно стабилизирана и нормализирана“, рече министерот.

Тој изјави дека Штабот за вонредни ситуации ќе се состанува еднаш неделно и додаде дека превенцијата е важна, со цел да се процени ситуацијата и да се извлечат поуки.

„Секогаш кога нешто ќе се случи, убаво го пребродуваме сето тоа и заклучуваме дека нешто не е во ред, но потоа имплементацијата на она што сме го научиле мора да почека до следната можност. Ова не треба да се повтори. Мислам дека сите министерства, јавни претпријатија, институции и деловни организации треба да ги разгледаат факторите на ризик во нивниот оддел и што треба да се направи за да се спречи ова да се повтори следната година“, рече Дачиќ.

Тој истакна дека проблемите со електричната енергија се главно предизвикани од паднати дрвја и дека е потребно да се разгледа како да се реши ова системски за да не се повтори вонредната ситуација.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ се појави во изборниот рекламен спот на Орбан заедно со лидерите на европската десница

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан преку учество во промотивен спот.

dobivaj vesti na viber

Во видеото, покрај Вучиќ се појавуваат уште десет политичари, меѓу кои и премиерите на неколку земји и крајно десничарските лидери од Германија и Франција, објавува порталот Нова.рс.

Во видеото за изборите, кои беа распишани денеска за 12 април, Орбан е поддржан од премиерите на Италија, Чешка и Израел – Џорџа Мелони, Андреј Бабиш и Бенјамин Нетанјаху. Меѓу политичарите се и крајно десничарските опозициски лидери: копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел, лидерката на Националниот собир во францускиот парламент Марин Ле Пен, претседателот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал Конде, и претседателот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл.

Вучиќ во видеото вели: „Се надевам дека следните избори ќе значат многу за сите нас, што значи дека ќе бидеме сведоци на уште една победа за Фидес“.

Прикажи повеќе...

Регион

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

Објавено пред

Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.

Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.

Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.

Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Најново

Топ60 минути

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија3 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија3 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија3 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија6 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет7 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет8 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет16 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа16 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија20 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа20 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет21 час

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет21 час

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија21 час

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија23 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...