Црна хроника
Три лица пријавени за исчезнати

Три лица се пријавени за исчезнати во понеделникот, двајца во Скопје и една жена од тетовското село Јегуновце.
Во понеделникот во 14 часот во полициската станица Јегуновце, триесет ипетгодишен жител на селото Роатинце пријавил дека неговата триесет иедногодишна сопруга не се вратила дома од саботата.Синоќа во полициската станица во скопски Аеродром седумдесетгодишна скопјанка пријавила дека исчезнал нејзиниот три години постар сопруг.Во исто време во полициската станица Ѓорче Петров скопјанец пријавил дека исчезнала осумдесет ичетиригодишна жена. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.