Скопје
Јавен повик за советници и раководни лица во Канцеларијата на премиерот

Канцеларијата на премиерот на Република Македонија упати два јавни повици за ангажирање на лица на раководни позиции во канцеларијата на премиерот и за негови советници.
Ова во петокот на прес – конференција го соопшти портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
„Ова е доказ за отвореноста на Владата и давањето на еднакви шанси на сите граѓани кои поседуваат квалитет и способност за ангажман на позиции преку кои се спроведуваат политиките, мерките и проектите кои носат корисност за сите граѓани на нашата земја. Може да аплицираат сите квалитетни и способни кадри независно од нивната национална и верска припадност, или пак политичка ориентација. Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет“, истакна Ѓорѓиев.
Во првиот јавен повик се бараат лица за раководни и нераководни позиции за странски инвестиции – нерезидентни промотор, за поддршка на домашната економија, за човечки ресурси, за протокол и правници, додека во вториот јавен повик, канцеларијата на премиерот бара советници за политички прашања, за ЕУ, за надворешни работи, за животна средина, за рударство и минерални суровини, за култура, за економија, претприемништво, индустрија и иновации, за земјоделство, за правосудство и администрација, за енергетика, за транспорт и врски, за информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа.
Сите заинтересирани ќе може да аплицираат до 14 јули по електронски пат преку интернет страницата на Владата на Република Македонија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Ќе биде казнет секој локал што има поставено дополнителни маси и столови од тоа што им е исцртано во елаборатот

Општина Карпош известува дека во наредниот период ќе се вршат засилени контроли од страна на сектор Инспекторат во попладневните и вечерните часови на урбаната опрема на територија на Општината.
„Ве опоменуваме дека секој локал кој ќе има поставено дополнителни маси и столици од тоа што им е исцртано во елаборатот за урбана опрема, ќе бидат веднаш казнети и ќе биде поведена постапка за отстранување на урбаната опрема како и времена забрана за поставување на истата“, велат од Општината.
Македонија
Без вода дел од Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-300мм на улицата Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23:55 часот до санирање на дефектот.
Дефектот ќе се работи на 17.07.2025 од 09:00 часот.
Македонија
Делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Аеродром без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06.30 до 12.30 часот, корисниците од булеварот Киро Глигоров, општина Гази Баба;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Козле од бр.143 до бр. 157, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улица Бистра, од улица Живко Фирфов до улица Гутенбергова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод улица Гутенбергова, од улица Бистра до улица Волтерова, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улица Иван Цанкар (парни броеви), улица Франце Прешерн (непарни броеви) и улица Вангел Дину, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром.