Забава
Нов начин на намалување на тежината?
Откритието на таканаречените „кафени масти” во организмот на човекот би можело да се искористи за поефикасно третирање на дебелината. За разлика од препознатливите „бели масти”, кои го складираат вишокот на енергија, „кафените масти” го спалуваат вишокот енергија и создаваат топлина од него
Истражувачите на овој феномен долги години работат на откривање на мистеријата на постоење посебен тип масти кои може да се искористат за забрзување на метаболизмот и да го потпомогнат процесто на намалување на тежината.Интересно е дека присуството на овие масти е поголемо кај новороденчињата, со оглед дека им е потребно регулирање на температурата, додека кај возрасните се верува ги има во многу мали количини.Брус Шпигелман од Харвард и Дана Фарбер од Институтот за малигни заболувања од САД, дојдоа до едно многу интересно откритие. Имено, кафените и белите масти имаат различни потекло, односно кафените масти потекнуваат од мускулите. Според нив, доколку нашето тело произведува повеќе т.н. кафени масти ние би биле послаби и би биле поотпорни на дебелината.Останува да чекаме овие истражувачи да ја најдат спасоносната формула и да не‘ израдуваат сите нас кои имаме проблеми со телесната тежина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Изгледа како професионалец“: француски булдог ужива во санкање
Францускиот булдог Вригли Ловинс покажа неочекувана љубов кон постуденото време и откри нова страст – санкањето. Неговата радост и вештината додека се спушта и се искачува по ридовите се импресивни.
Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува мал француски булдог како сам се санка на ридот изгледајќи како професионалец. Сцената собра повеќе од сто илјади прегледи и воодушеви многубројни гледачи.
View this post on Instagram
„Тој не само што мисли дека е професионалец, навистина е“, се дел од коментарите.
Забава
Џесика Алба се разведува по 17 години брак
Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.
Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.
Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.
Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.
Забава
Ладни како мраз: три хороскопски знаци што не дозволуваат ништо да им предизвика стрес
Во зафатен свет, каде стресот често владее, луѓето кои успеваат да задржат мирна и ладна глава во предизвикувачки ситуации се вистинска реткост.
Без разлика дали се работи за деловен хаос, семејни несогласувања или неочекувани пречки, тие знаат да останат смирени и рационални.
Еве под кои хороскопски знаци се родени ваквите личности.
Јарец
Јарците се познати по својата издржливост и рационален пристап кон животот. Кога се соочуваат со предизвици, тие се потпираат на нивните аналитички вештини и трпение. Наместо да паничат, ја анализираат ситуацијата од сите агли и бараат најпрактично решение.
Вага
Вагите се вистински мајстори за балансирање и на личните односи и на секојдневните ситуации. Без разлика на предизвиците, тие остануваат смирени бидејќи се стремат кон внатрешна хармонија. Кога ќе се соочи со конфликт или стрес, Вагата ќе вложи дополнителни напори за да најде компромис или да го врати мирот.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и стабилност. Дури и кога околу нив владее хаос, Бикот цврсто стои на земја.
Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го исклучат стресот и да се фокусираат на она што е навистина важно, без разлика дали тоа е работата, семејството или личниот развој.