Свет
Осквернавен логорот Маутхаузен во Австрија
Поранешниот нацистички концентрационен логор Маутхаузен, е осквернавен со антиеврејски и антитурски графити, соопштија австриските власти.
Поранешниот нацистички концентрационен логор Маутхаузен, е осквернавен со антиеврејски и антитурски графити, соопштија австриските власти.Со спрејови во должина од околу 10 метри се исшарани ѕидовите на логорот кој е претворен во музеј, соопшти полицијата на покраината Горна Австрија.Вандализмот е откриен утринава, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи пред нешто повеќе од година дена, во февруари 2009 година.Логорот Маутхаузен, се наоѓа во Горна Австрија, околу 155 километра западно од Виена. /крај/бе/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, пренесува РИА.
Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.
Свет
Најмалку 32 лица ја преживеаја авионската несреќа во Казахстан
Најмалку 32 лица ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти.
Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви.
Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер 190“ на пат од Баку кон Грозни, пишува „Гардијан“.
На видеата објавени на интернет се гледа моментот кога авионот удира во земјата и експлодира, како и повредени патници кои се обидуваат да излезат од неоштетениот дел од авионот.
Свет
Зеленски: Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди, како што рече, „нехуманиот“ напад со руски беспилотни летала на Божиќ.
„Секој масовен руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука“, рече тој.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија лансирала 78 проектили и 106 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени. Сепак, Зеленски изјави дека „прекини во снабдувањето со електрична енергија се забележани во неколку региони“.
„Целта е нашата енергетска инфраструктура. Тие сè уште се обидуваат да постигнат целосен мрак во Украина“, додаде тој.
Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Фејсбук објави дека операторот на системот за пренос ги презел „неопходните мерки за ограничување на потрошувачката за да се минимизираат негативните последици за енергетскиот систем“.
Осврнувајќи се на унгарскиот премиер Виктор Орбан, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата Х рече: „Овој божиќен терор е одговорот на Путин на оние кои зборуваа за илузорно „божиќно примирје“.
Во 2023 година, Украина го промени датумот на Божиќ од 7 јануари – датумот што го слави Руската православна црква – на 25 декември за да се дистанцира од руското религиозно и културно влијание.
„Руското зло нема да ја скрши Украина или да го расипе Божиќ“, заклучи Зеленски.