Европа
Лавров: Убиството на Немцов е гнасно злосторство
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот на 28-то заседание на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева убиството на поранешниот руски висок функционер а подоцна опозициски настроен критичар на политиките на Кремљ, Борис Немцов, го нарече „гнасно злосторство“ и изјави дека истрагата за неговата ликвидација којашто треба да ги изведе пред лицето на правдата нејзините организатори и извршители ја води лично претседателот Владимир Путин.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот на 28-то заседание на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева убиството на поранешниот руски висок функционер а подоцна опозициски настроен критичар на политиките на Кремљ, Борис Немцов, го нарече „гнасно злосторство“ и изјави дека истрагата за неговата ликвидација којашто треба да ги изведе пред лицето на правдата нејзините организатори и извршители ја води лично претседателот Владимир Путин.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, меѓутоа, порача дека убиството на опозиционерот Борис Немцов извршено ноќта кон саботата недалеку од Кремљ, не смее да се користи за собирање политички поени.
„Обидот ова гнасно убиство на Борис Немцов да се искористи за политички цели претставува сквернавење. Мораме да го спречиме секое политизирање на прашањето на човековите права и не смееме да дозволиме да се искористи како оружје за подгревање на судири“, порача Лавров.
Претходно Лавров имаше средба зад затворени врати, од која сé уште двете страни не издадоа соопштение, со американскиот државен секретар Џон Кери кој пред да допатува во Женева изјави дека Белата куќа „се надева дека (руските) власти ќе спроведат веродостојна и транспарентна истрага којашто ќе открие кој стои зад убиството и кој го извршил“.
Односите меѓу САД и Русија се влошуваат откако претседателот Владимир Путин во 2012 година се врати во Кремљ, а сега се на најниското ниво од крајот на идеолошката Студена војна, во прв ред поради војната во Украина за што меѓусебни се обвинуваат Вашингтон и Москва.
Лавров на споменатиот форум на ОН, како што беше најавено, се осврна на состојбата во Украина и го повика Киев да се одгради од екстремистите во источниот дел од земјата, како и да продолжи да го следи патот на мировните договори. Постигнат е „опиплив напредок“ во примената на мерките договорени во Минск и прекинот на огнот е „консолидиран“, оцени рускиот дипломат.
Лавров в Женева од Киев побара да ја укине „де факто блокадата“ на одметнатиот регион Донбас, да ги обнови економските врски меѓу остатокот од Украина и рускојазичните источни региони, да започне да ги исплаќа социјалните давање и да ги врати банкарските услуги како и слободата на движењето од Донбас во другите делови од Украина.
Претходно во понеделникот истражната комисија на ОН за човекови права во Украина објави дека според нејзините процени од почетокот на насилствата во април 2014 година загинале повеќе од 6.000 луѓе. Во извештајот се истакнуваат „немилосрдните разорување на цивилите и инфраструктурата, а жените, децата и старците и чувствителните групи особено се погодени“.
„Императив дека сите страни ги почитуваат одлуките од договорот од Минкс и да се прекинат бомбардирањата и другите непријателства кои создадоа катастрофална ситуација за цивилите, флагрантно кршејќи ги хуманитарните закони и човековите права“ изјави високиот комесар на ОН за човекови прав, Зеид Раад а-Хусеин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

