Надворешна политика
Летонија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции
Македонија и Летонија се пријателски земји со одлични политички односи, но секогаш постојат можности за интензивирање на економската соработка меѓу двете страни, истакнаа во понеделникот во Охрид шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Попоски и Едгарс Ринкевичс.
Македонија и Летонија се пријателски земји со одлични политички односи, но секогаш постојат можности за интензивирање на економската соработка меѓу двете страни, истакнаа во понеделникот во Охрид шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Попоски и Едгарс Ринкевичс.
„Дискутиравме за билатерални прашања, но и начините и можностите за унапредување на соработката во областа на културата, договоривме изготвување Меморандум за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете држави, што сметам дека е од особена важност во период кога Летонија ќе го преземе претседавањето со Европската унија“, истакна шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс.
Неговиот македонски колега потсети дека Латвија, која е силен поддржувач на евроатлантските аспирации на Македонија, во првата половина од 2015 година ќе претседава со Европската унија (ЕУ).
„Иако проширувањето нема да биде најважно прашање на агендата на новата Комисија, туку, пред сé, економските теми, за нас ќе биде значен извештајот за напредокот од декември. Тука разговаравме за нашите очекувања и реалните согледувања. Веројатно ќе биде обременет со политичките потешкотии што постојат во Европа и веројатно многу повеќе ќе треба да биде посочен на земјите-кандидати и самите состојби кај нив“, изјави Попоски.
Македонскиот министер потенцираше дека целта на земјата во следните дванаесет месеци ќе биде да се направи што е можно повеќе во поглед на европската агенда, и преку соработката со италијанското и летонското претседателство да се остварат видливи реформи во битните политички сегменти. Попоски се осврна и на членството во НАТО, повторувајќи дека Македонија нема никакви очекувања за можни отстапки од познатите ставови на Атина, односно од ветото за членсвтвото на земјава во Алијансата, кое беше оценето како нелегитимно од страна на Меѓународниот суд на правата.
„Не очекуваме дека Грција би направила некаква промена во таквата политика во месеците што следат, оттаму остануваме посветени на остварување на реформите бидејќи тие не прават поподготвени и во подобра форма за понатаму. Тоа ќе го правиме конзистентно и за време на претседавањето на Италија со ЕУ и во летонското претседавање“, потенцираше Попоски.
Покрај средбата со Попоски, шефот на летонската дипломатија во Охрид оствари средби и со премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.