Контакт

Надворешна политика

Иванов за дипломатскиот кор организира прием во Крушево

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петок во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарото.

 

Согласно воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава, дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево.

 

Според програмата, во сабота во претпладневните часови е предвидено да се одржи презентација за Крушево, од страна на градоначалникот на Крушево, Ѓорги Дамчевски, како и презентација на проектот „Македоника“ на Фондацијата за негување на македонското културно наследство МАКЕДОНИКА.

 

Македонскиот претседател и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Македонија ќе ја посетат спомен куќата на Тоше Проески, споменикот „Илинден“ и галеријата „Никола Мартиновски“.

 

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за членовите на дипломатскиот кор во 2014 година беше приреден во Гевгелија, во 2013 година во Берово, додека во 2012 година во Битола./крај/мф/бс

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија45 минути

Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија1 час

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ3 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија3 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ4 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет4 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија5 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет5 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет5 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет5 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет5 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ19 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија20 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија23 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија24 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...