Контакт

Региони

Повеќе од 150 прилепчани ќе помагаат во скопско по поплавите

Објавено пред

Општинскиот кризен штаб и локалната самоуправа од Општина Прилеп, рано утринава упатија помош до зафатените подрачја од поплавите во скопско, во човечки ресурси и механизација. 

dobivaj vesti na viber

Во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп, екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп. Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски пелени, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.

Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400./крај/со/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе застрелан на изборен настан

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој...

Македонија1 час

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, од утре засилен северен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Македонија22 часа

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија23 часа

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет24 часа

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет1 ден

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија2 дена

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет2 дена

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ2 дена

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија2 дена

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија2 дена

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија2 дена

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет2 дена

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет2 дена

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет2 дена

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија2 дена

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура2 дена

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија3 дена

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија3 дена

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...