Регион
Турски пратеник обвинет по изјавите за пренесување боев отров за IS преку Турција

Обвинителството на турската престолнина Анкара започна истрага против пратеникот од Републиканската народна партија (CHP) Ерен Ердем, откако тој во интервју за руската телевизија на англиски јазик RT изјави дека во турскиот парламент предал докази дека е забошотена истрага во врска со пренесување сарин кој се користи за производство на хемиско оружје, за џихадистичката организација Исламска држава (IS) во Сирија, преку територијата на Турција.
Како што пренесуваат турските медиуми, правосудните органи го осомничиле опозицискиот пратеник Ерен Ердем за предавство. Може да му биде одземен пратеничкиот имунитет.Ердем претходно на 10-ти декември во турскиот парламент претстави материјали за кои тврди дека се докази за испораки на саринот од Турција во Сирија.Во интервјуто тој тврдеше и дека и во Турција и на Западот ги знаат виновниците за хемиските напади изведени во Сирија во летото 2013 година, за кои беше обвинет сирискиот претседател Башар ал-Асад, и за малку беше избегната воздушна операција слична на онаа во Либија со којашто две години претходно беше соборен либискиот автократ Моамер ел-Гадафи.„Материјалите за хемиското оружје биле увезени во Турција, а потоа префрлени во камп на Исламската држава во Сирија, чии членови во тоа време тогаш уште биле припадници Ал Каеда во Ирак“, рече Ердем за RT.„Поседуваме докази што го потврдуваат тоа. Обвинителството започнало истрага, во чии рамки се уапсени лицата кои во тоа учествувале. Една седмица потоа, случајот бил префрлен на друг обвинител, и сите уапсени биле ослободени. Тие побегнаа преку турско-сириската граница“, рече Ердем според кој саринот потекнувал од лабораторија во западна Европа.Како одговор на истрагата против Ердем, на социјалната мрежа Twitter се појави хаштагот #ErenErdemYouAreNotAlone./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин