Македонија
Тодоров не отстапува од одлуката за македонскиот јазик

Министерот за образование и наука Никола Тодоров е запознат со писмото што високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек го испратил кај премиерот Никола Груевски, но не планира повлекување од својата одлука за изучување на македонскиот јазик.
Министерот за образование и наука Никола Тодоров е запознат со писмото што високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек го испратил кај премиерот Никола Груевски, но не планира повлекување од својата одлука за изучување на македонскиот јазик. „Не планирам да отстапам од одлуката, туку планирам да ги убедувам оние кои треба да ја применуваат, дека таа е од полза на сите нас кои живееме во Република Македонија и е во функција на целосна интеграција на македонското општество, согласно со современите демократски искуства и со демократските традиции“, рече Тодоров денеска во Скопје и нагласи дека нема намера да одлуката да ја спроведува со радикални мерки. Тодоров вели дека писмото на господинот Кнут Волебек има одлична ретроспектива на сите работи кои се случуваат во образованието и има конкретни, соодветни предлози за тоа како треба да се реализира процесот и што тие поддржуваат. Во писмото, кое вчера го објави А1 телевизија, Волебек инсистира пред да биде спроведена стратегијата на ОБСЕ да се промовира детален дијалог меѓу засегнатите страни, земајќи ги предвид потребите на секоја заедница и да се осигура соодветен образовен материјал како и програми за обука на наставниот кадар. „Јасно е наведено дека македонскиот јазик како државен јазик треба да се изучува на задолжителна основа во основното образование, и тоа почнувајќи од прво одделение, што во себе има и педагошки и културни и научно докажани факти“, рече Тодоров. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.
Македонија
(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад во Трубарево. Иако само еден час претходно имале интервенција во населбата Лисиче, огнената стихија била брзо ставена под контрола, а соседните објекти биле изолирани од опасност од опожарување, информира командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски.
„Побаравме помош од Главниот штаб, а значајна поддршка добивме и од Окта со хемиска пена и од Макпетрол. Нашите резерви беа потрошени во првичниот удар. Активирани беа сите капацитети и на Комунална хигиена. Беше испратена дополнителна механизација и камиони со песок за да се спречи црниот чад кој се гледаше оддалеку,“ изјави Томевски.
Тој додаде дека пожарот е под контрола и се вршат дополнителни проверки за евентуални остатоци од горењето.
Интервенцијата ја оцени како успешна.
„Вакви пожари се тешки за гаснење, но успеавме да го ставиме под контрола, што беше изненадување и за мене“, рече Томевски.
Додаде и дека мирисот е намален и се надева оти до крајот на денот ќе престане исчадувањето.
Македонија
Најмногу листи за Скопје – 18 кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските избрни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, соопшти Државната изборна комисија.
Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи. Најголем број на листи на кандидати за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.
Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември.
Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдцна на 20 септември 2025 година. По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и птврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.