Македонија
Уставниот суд времено ја ограничи лустрацијата
Уставните судии на денешната седница нашле дека од Законот за лустрација спорни се членовите кои се однесуваат на јавното објавување на фактите во Службен весник, потоа за временскиот опфат на лустрацијата и за тоа кои лица се сметаат за соработници на тајните служби
Уставниот суд денеска отворил постапка по Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција по инцијативата која ја поднесоа група граѓани, меѓу кои и извршниот директор на фондацијата Институт Отворено општество Владимир Милчин. Уставните судии изрекоа привремена мерка: забрана за преземање дејствија по законот за лустрација се додека пратениците кои во 2008 г. го изгласаа Законот не дадат автентично толкување на спорните членови. Одлуката е донесена со мнозинство гласови, но не се соопштува колку и кои од судиите биле „за“ или „против“ времената мерка.Временското одложување ќе важи за членовите 2,8,13 и 34. Иако остатокот од законот останува во сила, се работи за суштински членови. Имено, во членот 2 се дефинира дека лустрацијата ќе се спорведува за лица кои биле соработници на тајните служби од Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година до денот на влегувањето во сила на законот т.е. до 2008 г. Во истиот член се дава објаснување и за тоа кој се’ ќе се смета како таен соработник или таен информатор. Со мерката вон сила времено се ставаат и одредбите од Законот кои предвидуваат Комисјата за верификација на фактите при проверката на изјавите на функцинерите дека не се соработници на тајните служби своите сознанија да ги објавува во Службен весник на РМ.Времена забрана доби и членот со кој им се даваше можност на здруженијата на граѓани, политичките партии, како и верските заедници сами да побараат лустрација на сопствените членови и вработени.Уставниот суд се очекува во рок од два месеци да се произнесе по четирите одредби од Законот за кои поведе постапка, а во тој период Судот ќе ги достави донесените решенија на мислење до Собранието на Република Македонија како доносител на оспорените законски одредби. Собранието на Република Македонија треба да се произнесе во рок од 30 дена од донесувањето на решенијата на Судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.