Македонија
Нема дестабилизација, смируваат пратениците, по предупредувањето од Фуере
Македонските пратеници, и оние на власт и оние во опозиција,сметаат дека нема дестабилизација во Македонија, ни како последица од нерешавањето на спорот со името со Грција, ни поради евентуално заладување на меѓуетничките односи
„Ние не се сложуваме со изјавата на Фуере. Можеби во своето излагање пред европратениците сакал да укаже дека ЕУ треба сериозно да гледа на Македонија и дека ригидниот однос што го има Грција во однос на Македонија на некој начин може да влијае на одредени усложнувања на состојбите во Македонија. Меѓутоа состојбата во Република Македонија е нормална, сосема е нормално помеѓу политичките партии да има и различни гледања на нештата, којшто верувам дека можат да бидат усогласени“, рече Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ. За нивниот коалициски партнер ДУИ изјавата на еден дипломат како Фуере мора сите релевантни институции во државата сериозно да ја сфатати да ја анализираат. „Ние како ДУИ ги охрабруваме двете страни Македонија и Грција да седнат што побрзо за да се надминат сите какви било идеи за добробит на државата и на граѓаните“, рече Сафет Незири од ДУИ. Според него, но тоа е став и на неговата партија воведувањето на македонски јазик за првачињата Албанци е избрзано. „Треба да се седне и да се види, од страна на министерот за образование со стручни лица, психолози, педагози, да се направи детална информација дза да не дојде до ваква ситуација“, рече Незири.Опозициската СДСМ пак, смета дека пораките од Брисел се пријателски и треба да бидат пораки на отрезнување и предупредување. „ Кавгите помеѓу коалициските партнери, политичката нестабилност, економските проблеми секој ден се се потешки и потешки и тоа во Брисел се гледа. Пораката од Брисел не е дека овие проблеми можат да предизвикаат последици од типот на 2001 година, меѓутоа Македонија не смее да си дозволи да си игра со меѓуетничките односи и не смее да си дозволи да ги политизира најмладите во тие меѓуетнички и меѓукоалициски кавги“, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ.Фљора Кадри од Нова демократија смета дека се прави меѓуетничка поделба во Македонија со некои потези на актуелната Влада, како енциклопедијата, неимплемментирањето во целост на законите коишто произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, нерешавањето на Хашките случаи и пронаоѓањето на еден потребен статус на учесниците на воениот конфликт во 2001 година и изучувањето на мекедонскиот јазик. „Не би било добро да ексалира состојбата од меѓуетнички тензии, би било многу подобро да се пвоспостави мир доверба и верба помеѓу ентитетите во Македонија“, рече Карди, која додаде дека изградбата на црква на плоштад доведува и до меѓурелигиска поделба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.