Свет
Шојбле ги потопи сите надежи на Грција

Министрите за финансии на Германија и на Грција не успеаа во четвроткот да се согласат ниту за тоа дека е се согласни по прашањето за реструктуирањето на грчкиот јавен долг и отписот на долгот.
Германскиот министер за финансии Волфганф Шојбле по разговорот со грчкиот колега во Берлин изјави дека имаат различни ставови, но дека се согласни оти не се согласуваат за тоа дека сега е вистинско време за отпис на дел од грчкиот долг, пренесе Ројтерс.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, меѓутоа, наведе дека „не се согласиле дури ни за тоа дена не се согласуваат“, додавајќи дека не разговарале за рокови за отплата на грчкиот долг, ниту за евентуално намалување на долгот, туку само за предлогот на програмата за премостување која би траела до мај.
„Не можев да го сокријам сомнежите за тоа дека некои од предложените мерки не одат во соодветна насока“, рече Шојбле.
Тој на Атина и понуди помош за јакнење на даночниот систем, наведувајќи дека има одредени мерките на новата грчка влада кои одат во добра насока, како што е оданочувањето на богатите и борбата со корупцијата.
Варуфакис порача дека Грција ќе стори се што е во нејзина моќ да ја избегне опасноста и да не банкротира, додавајќи дека уверен дека Атина и нејзините партнери ќе постигнат решении со кое банкротството на Грција повеќе нема да биде тема за која се говори.
Грчкиот министер наведе дека на владата во Атина и е потребна програма за премостување до крајот на мај, за да се обезбеди време за преговори за нов договор со ЕЦБ, ЕУ и ММФ.
Каматните стапки на грчките 10- годишни обзници изутрината пораснаа над психолошката граница од десет отсто, додека главните индекси на Атинската берза изгубија девет отсто од вредноста, откако ЕЦБ одби да ги прифаќа грчките обврзници како гаранција за заеми за комерцијалните банки.
Грчките банки и натаму можеда дојдат до средства преку европската програма за Итна помош за ликвидност (ELA), со која раководи грчката централна банка, но по значително повисоки трошоци за банките. Каматната стапна на заеми од оваа програма изнесува 1,55 отсто во споредба со 0,05 отсто на редовното финансирање на ЕЦБ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.