Црна хроника
Шверцери на имигранти се обиделе да прегазат полицаец кај Велес
– (архивска фотографија)
Лица со возила кои превезувале имигранти од Сирија во обид да избегнат полициска контрола во неделата вечерта кај езерото „Младост“ се обиделе да прегази полицаец.
Лица со возила кои превезувале имигранти од Сирија во обид да избегнат полициска контрола во неделата вечерта кај езерото „Младост“ се обиделе да прегази полицаец.
Инцидентот се случил околу 21,20 часот во близина на езерото „Младост“ крај Велес, кога униформиран полициски службеник при обид да сопре автомобил „фиат брава“ со велешки регистарски ознаки, лицето кое го управувало возилото се обидело да го прегази полицаецот, но не успеало и на неколку метри го сопрело возилото по што се дало во бегство. Во возилото биле пронајдени тројца државјани на Сирија, со илегален престој во земјата.
Кусо по овој инцидент на истата релација наишол и автомобил „застава 101“, исто така, со велешки таблички, коешто исто така се обидело да го прегази полицаецот, кој го употребил службениот пиштол стрелајќи кон возилото коешто се оддалечувало.
По предупредувачкиот истрел, возачот го запрел возилото и е утврдено дека станува збор за 49-годишен жител на Штип идентификуван со иницијалите Р.Д. Тој е приведен во Полициската станица Велес, а во неговиот автомобил се пронајдени седум имигранти, исто така, од Сирија.
Против него ќе биде подигната кривична пријава, а странските државјани ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци-Скопје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

