Контакт

Црна хроника

Кривични пријави за шест лица во рамки на полициската акција `Гора`

Објавено пред

Во рамки на оперативната акција „Гора“ во текот на минатиот месец Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје за четири одвоени случаи поднесе четири кривични пријави против шест лица за седум кривични дела од кои: по две кривични дела „кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ и по едно – „фалсификување службена исправа“, „помагање“ в.в со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. 

dobivaj vesti na viber

Притоа, запленети се речиси 18 метри кубни огревно дрво а причинетата штета е проценета на речиси 100 илјади денари. Во првиот случај поднесена е кривична пријава против 53-годишниот Ф.Ј. од Скопје за извршено кривично дело „кражба“ затоа што пријавениот со намера за противправно присвојување од туѓа шума исекол повеќе стебла мешано огревно дрво, дива круша, и дива слива (кои се забранети за сеча во шума) во количина од 9,20 метри кубни, без соодветна документација и жиг.

Потоа безправно исечените дрва ги натоварил во ТМВ марка ФАП управувано од лицето А.Ќ. кого пријавениот го ангажирал за превоз до неговиот дом во село Арачиново. Но, на раскрсницата на патот помеѓу с.Побожје и с.Кучевиште ТМВ бил сопрено од полициски службеници од ПС ОН Чаир. При контрола, констатирано е дека нема никаква валидна документација за огревното дрво и за транспортот по што е известена и шумската полиција од чија страна е одземена дрвната маса, ТМВ. Со наведеното инкриминирано дејствие пријавениот ја оштетил заедницата за 55.200 денари.

Во вториот случај кривично пријавено е 27-годишниот Д.Г. од Скопје за извршено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“. Имено, пријавениот, во својство на службено лице-шумски полицаец во Шумска полициска станица Скопје на сторител на прекршок му вратил ТМВ марка „ТАМ“ коешто претходно поради несправна документација и безправен превоз на огневно дрво даб, било одземено од страна на полициските службеници од ПС ОН Кисела Вода и предадено на шумската полиција за понатамошна постапка.

Пријавениот, со потврда за вратени предмети му го вратил на сторителот на прекршокот предметното возило, при што ја одзел само дрвата маса во количина од 3 м3 огревно дабово дрво кои ги предал во Агенција за управување со одземен имот пред да биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Основен суд  Скопје 1 Скопје Оддел за прекршоци.

Во третиот случај е поднесена кривична пријава против 50-годишниот Т.А. од Скопје за извршено кривично дело „кражба“, којшто противправно присвоил бесправно исечени огревни дрва (бука) од туѓа шума во количина од 2.8 метра кубни, без жиг и соодветна документација со намера да изврши бесправен превоз на исечената дрвана маса од неговото живеалиште во с. Љубанци до купувач со живеалиште на ул. „Бутелска“ со кого предходно договорил купопродажба на дрвната маса.

Дрвата ги натоварил на ТМВ ТАМ и се упатил до адресата на купувачот и во дворното место во домот на купувачот го паркирал и го оставил предметното ТМВ натоварено со огевно дрва. Предметното возило било забележано од страна на полициски службеници од ПС ОН Чаир за што била известена Шумска полиција која излегла на лице место и извршила контрола и мерење на дрвата и од нивна страна одземени се  ТМВ ТАМ. Пријавениот со наведеното инкриминирано дејствие ја оштетил заедницата за 19.600,оо ден.

И во четвртиот случај кривично се пријавени лицата 55-годишниот В.Р. од Самоков-Македонски Брод за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, 49-годишниот С.А. од Скопје за „помагање“ и 19-годишниот Р.З. од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“.

Првопријавениот во својство на манипулант за сеча, дотур и превоз во Шумска стопанска единица „Патишка Река 1“ во ЈПУЗПП ЈАСЕН-Скопје во договор со второпријавениот му овозможил на истиот бесправна сеча на речиси три метри кубни огревно дрво (бука). Имено, врз основа на каса-прими на име на второпријавениот и фискална сметка што С.А. ги обезбедил откако извршил уплата во благајната на Дирекцијата на ЈПУЗПП ЈАСЕН како купувач на 6,3 м3  огревно дрво во вид на „отпад од лежечка маса“, тој бесправно исекол 2.10 м3 квалитетно сурово огревно дрво бука „прва класа“ и само 0,70 м3 дрво во вид на „отпад на сеча“, а пак В.Р. за да му овозможи легален превоз на бесправно исечени дрва, ги жигосал дрвата со жиг и изготвил и со свој потпис и печат заверил Испратница.

Бесправно исечените дрва С.А. претходно ги договорил за препродажба со лице од Скопје како купувач по многу повисока цена. Во испратницата В.Р. внел невистинити податоци дека наводно се превезуваат  2,8 м3 огревно дрво во вид на „отпад од лежечка маса“ и во рубриката во која се внесуваат податоците за купувачот ги внел податоците за лицето со кое второпријавениот предходно договорил купопродажба. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на третопријавениот Р.З. во својство на возач на предметното ТМВ кој истиот ден ја употребил како вистинита при контрола од полициски службеници од ПС ОН Кисела Вода. 

За настанот е известена Шумска полиција и од нивна страна се одземени ТМВ и дрвата додека предметната Испратница е одземена од страна на ЕЕКК. На тој начин првопријавениот му овозможил на второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист во износ од шест илјади денари, а од друга страна за истиот износ го оштетил  ЈПУЗПП ЈАСЕН, а воедно пријавените ја оштетиле заедницата  за износ од 14.700 денари./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Објавено пред

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Објавено пред

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Топ

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Објавено пред

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.

dobivaj vesti na viber

По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.

Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Европа2 часа

(Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во последните 24 часа во зголемените руски напади низ Украина,...

Свет2 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија2 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија3 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет5 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет5 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет5 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет5 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет15 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија18 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет18 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ19 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ24 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет1 ден

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија1 ден

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија1 ден

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион1 ден

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија2 дена

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....