Спорт
Видиќ: Бев дезоририентиран
Српскиот дефанзивец Немања Видиќ, кој непотребно и даде шанса на Германија да дојде до израмнување, изјави дека бил дезориентиран, кога го скривил пеналот.
Српскиот дефанзивец Немања Видиќ, кој непотребно и даде шанса на Германија да дојде до израмнување, изјави дека бил дезориентиран, кога го скривил пеналот.
„Тоа беше моја грешка, бев дезориентиран и топката ме погоди во раката. За среќа Стојковиќ фантастично го одбрани пеналот“, рече Видиќ.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед на шега вели дека со неговиот непромислен потег му пружил шанса на голманот Стојковиќ да се прослави.
„Ми олесни кога го одбрани пеналот. По натпреварот му реков дека сум му голем должник и го запрашав што да му купам. Но, сега кога ќе размислам, тој всушност на мене треба да ми купи нешто, бидејќи стана херој. Погледнете какво внимание доби“, рече Видиќ.
Голманот на српската репрезентација, кој го одбрани пеналот на Лукаш Подолски, беше прогласен за играч на мечот од страна на ФИФА.
Ова беше втор последователен пенал против Србија на Светското првенство, кој е направен на идентичен начин, по голема невнимателност на одбранбен играчи.
Во два наврати, по нафлена топка од левата страна, српските играчи непромислено играа со рака во својот шеснаесетник.
На тој начин Србија загуби од Гана, но вчера им се насмевна среќата, бидејќи противникот не реализираше пенал.
Промашениот пенал на Подолски на мечот против Србија, претставува само втор нереализиран пенал за Германија во историјата на Светските првенства.
За Германија, која единствено не настапила на СП во 1930 и 1958 година, досудени се 12 пенали, а досега единствено Ули Хенес промашил во 1974 година.
Германците на Мундијалите вкупно четири пати шутирале пенали во нокаут фазата и сите четири пати поминувале во следниот круг.
Останува прашањето дали токму подолски требаше да го изведе пеналот, бидејќи претходно промаши неколку извонредни шанси за гол. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

