Спорт
Анелка го враќаат од мундијалот
По дебаклот по првите две средби на светското првенство во Јужна Африка, во францускиот табор владее хаос и недисциплина што најверојaтно ќе резултира со бркање на напаѓачот на Челзи од репрезентацијата
Како што донесува францускиот спортски весник L’Equipe, инцидентот се случил на полувремето кога селекторот на „триколорите“ Рејмон Доменек му приговорил на Николас Анелка за недоволното залагање на теренот, а кога фудбалерот возвратилm Доменек му се заканил дека ќе го остави во соблекувалната.На тоа Анелка возвратил со „Е.. сe, курвин сину“, на што уследила кусата реакција на Доменек – „Во ред, излегуваш од игра“, пишува L’Equipe. На полувремето резултатот на мечот Франција – Мексик се уште беше 0:0. Француската фудбалска федерација (FFF) по овие информации издала соопштение дека сличајот ќе биде истражен.„Доколку извештаите кои се појавија во печатот се точни, Анелка веќе нема што да бара на Светското првенство“, изјавил портпретседателот на FFF, Кристијан Теинтурие. Француските медиуми подолго времеме го критикуваат селекторот Доменек, но сега се свртија и кон фудбалерите за нивниот приод кон националниот дрес. Покрај за лошите игри, тие жестоко ги критикуваат „триколорите“ и за однесувањето кон медиуми. Така, на пример, на салва критики од медиумите се најде и Вилием Галас кој на репортерот на телевизјата TF1 му одговорил со покажување на средниот прст кокга му била побарана изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.