Европа
Дрон над училиштето во Тулуз кое беше цел на терористички напад во 2012-та
Беспилотно летало е забележано во понеделникот над еврејското училиште „Охр Тора“ во францускиот град Тулуз, од страна на воена патрола којашто е ангажирана за обезбедување на оваа образовна институција во која радикалниот исламист Мохамед Мерах во 2012 година уби три деца и наставник.
Ова е трет случај од почетокот на март беспилотно летало да го надлетува овој објект кој е под заштита на француските безбедносни сили од споменатиот трагичен настан. Првиот таков случај е регистриран на 8-ми март.
Новиот инцидент со мистериозно летало управувано далечински во Франција се случи само неколку дена откако во еврејското училиште во Тулуз се одржа церемонија во спомен на убиените, на која учествуваше и министерот за внатрешни работи Бернар Казнев и министерката за образование Наџа Вало-Белкасем. Истовремено, како што забележува AFP, точно пред три години припадниците на специјалните единици го ликвидираа Мерах, кој во 2012 година во Тулуз уби вкупно седум луѓе, од кои тројца беа француски војници.
Директорот на еврејското училиште во Тулуз изјави дека „по основа на денешниот инцидент властите започнале истрага“.
Од минатата есен во Франција над различни обезбедувани објекти постојано се појавуваат беспилотни летала. Бројот на таквите нерасветлени инциденти изнесува околу 70. За тоа време, уапсено е само едно лице за неовластено користење беспилотно летало во околината на Париз, при што е казнето со 1.000 евра и одземање на апаратот.
Еден ден пред што беспилотно летало е забележано над еврејското училиште во Тулуз, регистриран е прелет на сличен апарата и над воената база во Сен-Порт, југоисточно од француската престолнина Париз, каде што е морнаричкиот центар за комуникации со подморниците. Во Сен-Порт, од почетокот на 1990-те е сместен поморскиот центар CIM задолжен за еднострана комуникација со француските подморници. Станува збор за многу чувствителна локацијата на којашто се поставени големи антени кои надминуваат 200 метри. Освен комуникацијата со подморниците, CIM, меѓу другото, е задолжен и за пренесување на можни наредби на претседателот на Франција за нуклеарен напад.
Кон крајот на јануари повеќе бесполотни летала биле забележани во близина на воената постројка Ил Лонж во западниот дел од земјата. Од ланскиот 5-ти октомври, според податоците на министерството за внатрешни работи над чувствително локации се регистрирани најмалку „60 прелети на беспилотни летала“.
Кон крајот на февруари во Париз беа приведени па ослободени тројца новинари на арапската телевизија Al Jazeera, кои беа осомничени за неовластено управување со дронови во реоните на главните париски атракции, како што се, на пример, Ајфеловата кула, плоштадот Конкордија, но и амбасадата на САД, како и во предградијата на француската престолнина. Кон крајот на јануари дрон беше забележан и над Елисејската палата, резиденцијата на претседателот на Франција. Во сите случаи полицијата се обидуваше да го следи летот на овие уреди, но управувачите со нив не беа откриени.
Минатата година во Франција беа регистрирани повеќе десетина инциденти со прелетување на мали беспилотни летала врз нуклеарните централи низ целата територија на земјата, што е законски забрането. Секогаш, според полицијата, стануваше збор за уреди со тежина до 10 килограми, кои може да се најдат во слободна продажба, но до денес не се откриени лицата кои управувале со нив./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал
Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс-музиката на радиото.
Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри прес журнал“.
Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во своите 50-ти години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта кон преплашениот возач барајќи да пушта балади.
😳 In Russia’s Samara region, a taxi passenger threatened the driver with a machete — demanding he play shanson
A taxi ride in the Samara region nearly turned into a bloody scene after a passenger pulled out a machete and began threatening the driver, insisting he change the… pic.twitter.com/WwMM7vnTNY
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2025
„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.
Возачот, во паника, застанал покрај патот со рацете во воздухот и бргу пронашол соодветна радиостаница. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.
Вознемирувачката снимка стана вирална, па полицијата во Самара почна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.
фото: принтскрин
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугија во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се утврди, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откога таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој се јавил во полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугија, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Европа
Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс
Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор (SMR), додека продолжува со плановите за проширување на нуклеарната инфраструктура на земјата.
Владата во јуни објави дека ќе потроши 2,5 милијарди фунти (2,8 милијарди евра) за SMR, кои се поевтини и побрзи за изградба од големите нуклеарни централи, во обид да ја зголеми енергетската безбедност и да помогне во исполнувањето на климатските цели.
Одлуката на Велика Британија да го избере Вилфа на Англеси, остров во северен Велс, како локација за својата прва SMR централа беше критикувана од американскиот амбасадор во невообичаено силна изјава пред објавувањето.
Соединетите Американски Држави се залагаа за голем проект во Вилфа, дом на стара нуклеарна централа која беше затворена во 2015 година.
Британската влада изјави дека проширувањето на нуклеарната програма би можело да вклучува изградба на нова голема електрана, додавајќи дека ѝ задала задача на државната компанија GB Energy-Nuclear да пронајде соодветна локација за голема електрана до есента 2026 година.
Во јуни, владата го избра дизајнот на Rolls-Royce за малите реактори. Новите мини-реактори таму ќе снабдуваат еквивалент на три милиони домови и ќе поддржат до 3.000 работни места во локалната заедница за време на изградбата, со планови за поврзување со мрежата во 2030-тите.
Во моментов во изградба се две големи нуклеарни централи во Велика Британија, една во Хинкли Поинт во западна Англија и една во Сајзвел во источна Англија.
фото: принтскрин

