Контакт

Европа

Германската влада му нареди на разузнавањето да ги отстрани недостатоците

Објавено пред

Германската владата побарала од своите разузнавачки служби кон странство да ги отстранат недостатоците во својата работа, откако неделникот Der Spiegel објави дека германските разузнавачи индиректно им помогнале на американските колеги во шпионирањето на европските компании, како што е на пример производителот на авиони „Airbus“.

dobivaj vesti na viber

Прислушувањето е чувствителна тема во Германија, којашто е уште под силниот впечаток на сопственото искуство со Гестапо за време на национализмот или со Гестапо во комунистичката Источна Германија за време на Студената војна, а особено од минатогодишното обелоденување на документите од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) за масивното прислушување на милиони германски граѓани, како и на телефоните на канцеларката Ангела Меркел.

„Кабинетот на сојузната канцеларка откри технички и организациски недостатоци во BND“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт, без дополнителни појаснувања, зборувајќи за работата на Сојузната разузнавачка служба (Bundesnachrichtendienst – BND). „Кабинетот на сојузната канцеларка наложи тоа да се отстрани без одложување“, додаде.

Зајберт рече дека владата нема да коментира дали се точни медиумските извештаи дека BND им помагал на американските разузнавачки служби, но сепак ја отфрли можноста од масовно шпионирање. „Нема докази за масовно прислушување на германски и европски граѓани“, тврди портпаролот на владата на Германија.

Весникот Der Spiegel во своето интернет издание објави дека функционерите на BND посредно ѝ помогнале на американската NSA во шпионирањето на Европејците, вклучително и цели во самата Германија, и тоа во период подолг од 10 години. Портпаролот на BND одби да ги коментира овие тврдења.

Функционерите на BND во повеќе од 40.000 случаи ги задоволиле барањата на американските колеги и им ставиле на располагање разузнавачки податоци, пишува германскиот неделник. Додава притоа дека едена од целите на NSA била француско-германската компанија EADS, којашто во 2014 година беше преименувана во „Airbus Group“.

Според написот, функционерите на BND ѝ проследиле на NSA интернет IP адреси и броеви на мобилни телефони. Тие постапки биле интерно откриени во 2008 година, но целосниот извештај за тоа не бил проследен до кабинетот на канцеларката се до март 2015 година, пишува Der Spiegel.

Во јули во сферата на шпионирањето избувна афера којашто која ги подгреа германско-американските тензични односи во сферата на разузнавањето која беше поврзана со разузнавач на германската BND приведен и осомничен дека работел за американските разузнавачки служи од крајот на 2012 година и украл повеќе од 200 документи. Покрај тоа, собирал информации и документи за германската парламентарна комисија основана по добивањето на сознанијата за масивното шпионирање на американска Агенција за национална безбедност NSA во Германија, вклучително и на високи државни функционери. Овој млад човек, вработен во одделот на BND за должен за заштита на германските војници во странство, за тоа соработката со американската Централна разузнавачка агенција CIA добил надомест од 25 илјади евра, пишуваа германските медиуми.

Германската јавност претјходно во 2013 година беше силно разбранувана и вознемирена од сознанијата дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) имала целосна контрола над електронските комуникации во Германија, вклучително и на канцеларката Ангела Меркел, но реакцијата на Берлин засега беше ограничена само на дипломатски протести. Според документите коишто до медиумите ги достави Едвард Сноуден, канцеларката била прислушувана, и преку нејзиниот мобилен телефон и преку статичните телефони во нејзината канцеларија, повеќе од десет години, а повеќе од пет години за тоа знаел и американскиот претседател Барак Обама.

Овие откритија на Сноуден за масовните прислушувања во Европа го предизвикаа гневот на Германците, а сознанијата дека била шпионирана дури и првата политичка личност во земјата доведе до, засега, безуспешните обиди на Берлин да бара од Вашингтон потпишување договор за забрана на меѓусебното шпионирање./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“

Објавено пред

Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.

dobivaj vesti na viber

Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.

Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта

Објавено пред

Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.

dobivaj vesti na viber

Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.

И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.

Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Европа

Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури

Објавено пред

Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.

dobivaj vesti na viber

Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.

Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.

Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.

Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.

Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија57 минути

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 час

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија2 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија6 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ6 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет7 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет7 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет7 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет7 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија18 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ22 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија23 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...