Контакт

Европа

Welt: Германија и Франција прават нов тенк, за да одговорат на руската ‘Армата’

Објавено пред

Германија има намера заедно со Франција да развива проект за нов главен борбен тенк, пишува германскиот весник Die Welt, повикувајќи се на извештајот на заменикот министер за одбрана наменет за Бундестагот.

dobivaj vesti na viber

Во документот кој весникот го имал на увид, се наведува дека „векот“ на тенковите од типот „Leopard 2“ истекува околу 2030 година. Поради тоа, „во рамките на германско-француската соработка“, веќе се работи на карактеристиките кои треба да ги има новиот тенк“. Според резултатите од истражувањето, во периодот од 2015 до 2018 година, треба заеднички да се развиваат новите технологии и концепции со помош на германската индустрија.

Главна причина за ваквата одлука, како што претпоставуваат соговорниците на весникот, е неодамнешното презентирање на новиот руски тенк „Т-15 Армата“ на парадата за Денот на победата во Москва. Според најавите, од овој тенк кој првпат беше претставен на саем на воена опрема и техника во 2013 година, руската армија треба да добие 2.300 возила.

Стручњаците сметаат дека „Т-14“ во моментов, според техничките карактеристики – може истовремено да гаѓа повеќе различни цели, е најмоќниот и „најсмртоносен“ тенк во моментов во светот. „Армата“, како и другите современи оклопни возила, треба да го демонстрираат големиот технолошки исчекор на руската воена индустрија, во споредба со моделите правени според образецот од советската ера. Новиот „Т-14“ е фундаментално нов модел и ги покажува најзначајните промени во генерацијата тенкови која започна во 1960/1970-те, оцени неодамна специјализираниот портал IHS Jane’s Defence Weekly.

Воени експерти за BBC пред парадата на 9-ти мај изјавија дека станува збор за „повеќенаменска борбена платформа“, бидејќи на трупот на тенкот може да се монтираат разно оружени системи. Новина кај „Армата“ (руската ознака е 148), е тоа што во куполата повеќе нема никој, туку само двата до три члена на екипажот се сместени во засебен засилен и оклопен дел од трупот и управуваат со вооружувањето и тенкот преку далечински команди.

Главното вооружување на тенкот е топот со калибар до 125 милиметри, од чијашто мазна цевка може да бидат истрелувани и наведувани противоклопни ракети. Тенкот е засилен со 30-милиметарски автоматски топ, кој може да се користи како противавионско оружје, додека против лесни оклопни цели ќе го користи 1,7 милиметарски митролез. Покрај тоа, „Армата“ може да биде опремена и со топ со калибар од 152 милиметри, со што би го добила најмоќното оружје кое некогаш е монтирано на тенк, велат специјалистите.

Германското разузнавање поаѓајќи од презентацијата на новиот тенк и уште неколку нови типови борбени возила развиени на истата платформа на парадата во Москва, смета дека станува збор за прототипови чиешто сериско производство ќе започне по неколку години. „Меѓутоа, кога тие ќе бидат целосно развиени, тоа ќе биде тенк на највисоко ниво“, се истакнува во написот во Die Welt.

Покрај „Т-14 Армата“, Русија ги прикажа и новите пешадиски борбени возила „Т-15“ развиени на платформата на „Армата“, со највисоко ниво на заштита и усовршено оружје. Покрај тоа, Русија воведува нова борбена тактика, а исто така ја модернизира и постојната воена опрема. Веројатно, пишува натаму Die Welt, веќе е разработен новиот тип хаубица, којшто според карактеристиките може да се според и со германската „PzH 2000“.

Пратеникот на Христијанско-социјалната унија, Флоријан Хан, смета дека создавањето на германскиот тенк претставува „соодветен одговор“. Според него, „за развојот на нова технологија е потребно време, и затоа уште отсега треба да се размислува за утре“. Партијата на Зелените, пак, го смета за „преуранет“ проектот на министерството за одбрана на Германија. „Тоа е логиката од времето на Студената војна, а не на меѓународната одговорност“, коментира за весникот пратеничката Агнешка Бругер. Според неа, прво треба да биде изработен документ за целите на германската безбедносна политика, кој треба да биде завршен следната година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Објавено пред

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.

dobivaj vesti na viber

Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.

Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.

„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Објавено пред

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.

dobivaj vesti na viber

310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.

За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.

Тоа е прв случај во историјата на СР Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.

Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

Објавено пред

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија3 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ3 часа

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ3 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија4 часа

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија4 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија5 часа

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет6 часа

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион6 часа

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....

Свет6 часа

Министерка на Трамп до Харвард: Нема потреба повеќе да барате владини пари, нема да ги добиете

Министерството за образование на САД во понеделник го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари наменети за идни истражувачки...

Македонија7 часа

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма...

Свет8 часа

(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа...

Македонија19 часа

На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање...

Македонија1 ден

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија1 ден

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ1 ден

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија1 ден

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија1 ден

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија1 ден

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...