Регион
Вучиќ: ЕУ да каже зошто сè уште не се отворени поглавјата со Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека ЕУ треба да каже која е причината поради која не се отворени поглавјата во пристапните преговори со Србија, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека ЕУ треба да каже која е причината поради која не се отворени поглавјата во пристапните преговори со Србија, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ изјавил дека со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан ќе разговараат околу тоа што Србија сработила досега, додавајќи дека забележал дека сè се врти околу прашањето за дијалогот со Приштина.
„Немојте да ни кажете дека поглавјата не се отворени поради Бриселскиот договор. Што е тоа што Србија не го исполни? Убаво кажете дека проблемот е во нешто друго, нека прашаат зошто не сакам да дадам 100 проценти од браната Газивода. Јас нема да го дозволам тоа. Нека кажат дека поради тоа нема отворање на поглавјата“, рекол Вучиќ.
Српскиот премиер додал дела Белград нудил сопственост во однос 50-50 проценти, но дека Приштина тоа не го прифатила, додавајќи дека од Бриселскиот договор останале шест од 15 точки и дека една од нив се однесува Заедницата на српските општини.
Тој додал дека ваквата заедница се уште не е формирана, а тоа е нешто за кое тој инсистирал од самиот почеток на преговорите.
„Го направивме и тоа што е најтешко за Србија, а тоа е планот за правосудството. И тоа го потпишавме“, порачал Вучиќ, истакнувајќи дека со Хан ќе разговара околу конкретната причина за неотворањето на поглавјата во преговорите меѓу Србија и ЕУ, пришто потенцирал дека тоа сигурно не е поради Бриселскиот договор, бидејќи Србија применила се што било предвидено со овој договор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.