Црна хроника
Притвор за момчето што го прегази велосипедистот на „Партизанска“

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 20 –годишниот Е.Т. од Скопје ,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 20 –годишниот Е.Т. од Скопје ,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено, во петокот, околу 14 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Френклин Рузвелт“ се случи сообраќајна незгода меѓу патничко возило „ауди А4“ со скопски регистерски ознаки, управувано од пријавениот, велосипед „спринт“ управуван од 65-годишниот Нинослав С. од Скопје и автобус. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар – Скопје, каде што околу во 18.30 часот им подлегнал на повредите. Во периодот од 25-ти до 28-ми септември до 7 часот од страна на СВР-Скопје спроведени се зајакнати контроли во делот на патниот сообраќај, при што преземени се вкупно 473 мерки и притоа издадени се вкупно 214 платни налози за наплата на глоба и 259 покани за наплата на глоба, информираат од МВР. Притоа евидентирано е дека 145 возачи ја пречекориле брзината на движење и тоа за 111 евидентирано е пречекорување на брзина во населено место дo 30 км/ч, а за 35 пречекорување на брзина во населено место над 60 км/ч, така што по однос на овие прекршоци издадеи се 111 платни налози за наплата на глоба и 35 покани за наплата на глоба.Исто така, алкотестирани се 560 возачи и кај 61 лице утврдено е присуство на алкохол, додека двајца возачи одбиле да се алкотестираат. По однос на овој прекршок 63 возачи се исклучени од сообраќај, времено се одземени 51 возачка дозвола и издадени се 63 платни налози за наплата на глоба.Покрај ова евидентирани се 67 неправилно паркирани возила за кои се издадени 64 покани за наплата на глоба како и три платни налози за наплата на глоба. Кај 24 лица за кои се издадени исто толку платни налози утврдено е дека управувале без положен возачки испит; 44 возила се затекнати без валидна регистрација, а 24 возачи минале на црвено светло. Со специјално пајак возило отстаранети се вкупно 95 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека. Евидентирани се и четири прекршоци што ги чинат пешаците (неправилно минување коловоз) за што се издадени четири покани за наплата на глоба./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР.
Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.
Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.
„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
– По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицето, додаде, е спроведено во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
Црна хроника
Кавадарчани приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар

Кавадарчани биле приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчерa во 18.10 часот и во 18.15 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци, полициски службеници од СВР – Велес ги привеле И.П.(34) и Д.И.(28), двајцата од Кавадарци, затоа што за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ФК Вардар од Скопје, не ги почитувале наредбите дадени од полициски службеници, се наведува во соопштението.
По документирање на настанот, како што велат од СВР Велес, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.