Свет
Северна Кореја ја нападна јужнокорејската војска
Војската на Северна Кореја испука топовска граната кон јужнокорејски остров Јеонпјеонг во спорното погранично подрачје меѓу двете земји при што според последните информации загинаел два војника, а Јужна Кореја веднаш го возврати ударот, јавија тамошните медиуми
AFP пренесува пренесува информации што ги објави јужнокорејската телевизија YTN во кои се наведува дека има еден загинат јужнокорејски војник а повеќе лица се повредени, додека пак Reuters пренесе дека десет куќи на јужнокорејскиот остров се во пламен.Според првичните вести, нападот се случил во 02 : 34 минути по локално време.Информациите за повредени ги потврди и јужнокорејското министерство за одбрана за агенцијата Yonhap која објави дека сè уште се работи на утврдување на точните податоци за нападот.Вооружените сили на Јужна Кореја се во највисок степен на борбена готовност во врска со артилерискиот напад од страна на Северна Кореја врз островот Енпхендо на кој живеат околу 1.300 луѓе, а се наоѓа во демилитаризираната зона, при што освен еден загинат има и четири повредени војници, јави јужнокорејската новинска агенција Yonhap.Reuters повикувајќи се на администрацијата на јужнокорејскиот претседател вели дека Северна Кореја во вторникот го бомбардирала островот каде што се изведувала воена вежба, по што Јужна Кореја возрвратила исто така со артилериски оган.На местото на инцидентот полетале јужнокорејски ловци-бомбардери F-16, јавува агенцијата.Владата на Република Кореја од утрово одржува итен состанок во специјален бункер.На Корејскиот полуостров технички сé уште се води војна, бидејќи Корејската војна од 1950 до 1953 заврши со потпишување на примирје а не со мировен договор. Тој беше потпишан од страна на воените команданти на Северна Кореја и на Кина, од една страна, и на САД под закрилата на Обединетите нации, од друга страна.Оваа година, Северна Кореја и Јужна Кореја, во два наврата, во јануари и август, разменија артилериски оган во близината на северната граница линија во Жолто Море, што е предмет на граничниот спор меѓу Сеул и Пјонгјанг.Јужнокорејскиот војска соопшти дека за сериозна провокација од Северна Кореја и побара да се запрат сите чекори од сличен карактер.Кон крајот на октомври двете армии разменија оган од конвенционално пешадиско оружје во демилитаризираната зона.Слични судири се случиваа и во минатото, бидејќи Пјонгјанг не ја признава т.н. северна гранична линија во Жолто Море, кое беше спроведено еднострано по Корејската војната. Во 2007 г., владите на двете Кореи се договорија спорните води да стана заедничка зона на мир и соработка, но новата влада во Сеул, која дојде на власт во 2008 г.а, презема чекори спротивно на претходната политика на зближување Северна Кореја и потпишан од претходната администрација на договорот.Односите меѓу Северна и Јужна Кореја оваа година откако беше потопен јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“. Бродот потона на 26 март во областа контролирана од Сеул кај островот Пенендо (Baengnyeong) во близина на границата со Северна Кореја во голема експлозија чија причина се уште не е конечно утврдена. Меѓутоа, според меѓународни експерти, нападот со торпеда го извела севернокорејска мини-подморница. Притоа беа убиени 46 јужнокорејски морнари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

