Регион
AFP: Предизборни заплашувања и купување на гласови во Бугарија
Приморана да преживее со минимална плата од 340 лева (174 евра) месечно, Бугарката Маја Иванова е повеќе од подготвена да го продаде својот глас во пресрет на неделните предвремени парламентарни избори во земјата, дури и за храна, пренесува AFP.
„Кој не би земал 50 лева во оваа мизерија? Дури и да ми понудат 20 лева (10 евра), би прифатила“, вели 51-годишната Ромка од бугарскиот град Бобов Дол.
„Но на нас Ромите ни даваат само месо и леб, а организаторите се тие кои ги земаат парите“, изјавила таа во пресрет на изборите кои ќе се одржат на 5-ти октомври.
Според многубројните анкети во земјата, па дури и според тврдењата на владата, продавањето на гласовите – за пари, храна и дрва за огрев, е вообичаено за најсиромашната земја на Евроспката унија (ЕУ), и по 25 години од завршувањето на комунизмот, а исто така не изостанува нити заплашувањето.
Просечната месечна плата во земјата изнесува околу 400 евра, а во една скорешна анкета, 69 проценти од испитаниците изјавиле дека ситуацијата е „неподнослива“.
„Нашите анкети покажуваат дека шест проценти од гласачите изјавила дека веќе ги продале своите гласови, а уште шест проценти изјавиле дека истото би го направиле под одредени услови“, изјавил Антони Галабов од Transparency International.
„Луѓето не ги продаваат своите гласови поради тоа што сакаат, туку поради тоа што се приморани на тоа“, додал Галабов.
„Во ромските населби луѓето зависат од локалните лихвари, и често не можат целосно да ги вратат своите долгови. Партиите често ги контактираат нив за да обезбедат одреден број на гласови“, објаснила Вања Нушева, експерт при софискиот Институт за регионални и интернационални студии (IRIS).
Според истражувањето на IRIS, „некои партии очекуваат одреден број на гласови од одредена населба или компанија, а доколку некој не ги следи овие упатства, тогаш сите се казнуваат – компаниите преку санкции, а луѓето преку закани и претепувања“, заклучува AFP во својата анализа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д. Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на својата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа по што избегал. Одреден му е притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски „Телеграф“.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигориевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер Далибор Демировиќ веднаш беше осомничен за убиството.
Во времето на бегство Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин
Регион
Прогласена четиридневна жалост по трагедијата во Тузла
Тузла е обвиена во тага по вчерашниот пожар во дом за стари лица, во кој животот го загубија 11 мина. Поради оваа голема трагедија, една од најголемите во поновата историја на градот, градоначалникот Зијад Лугавиќ прогласи четиридневна жалост, што почнува денес, пишува „Кликс.ба“.
Голем број луѓе добиле со полесни и тешки повреди во пожарот. Според последните информации, 15 пациенти сè уште се во болница. Состојбата на четворица од повредените е исклучително сериозна и тие се поврзани на респиратори.
Со одлука на градоначалникот, денови на жалост во Тузла ќе бидат денес, утре, сабота и недела. Во овој период јавноста треба да се придржува до пропишаните правила. Четврток е прогласен за ден на жалост на ниво на Федерацијата на Босна и Херцеговина и округот Брчко.
фото: принтскрин
Регион
Бугарија се подготвува за продажба на рафинеријата на „Лукоил“
Партијата ГЕРБ во Бугарија планира да предложи закон што ќе му овозможи на специјален администратор да ја спроведе продажбата на рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас, најголемиот објект за преработка на нафта во земјата.
Иницијативата доаѓа во време кога САД и Велика Британија воведоа нови санкции против руските нафтени компании, вклучувајќи го и „Лукоил“, поради војната во Украина.
Законот, како што објави денес локалниот бугарски медиум „Медијапул“, ќе му овозможи на специјалниот администратор да го преземе надзорот врз рафинеријата во Бургас и да донесува одлуки за продажбата, без право на рускиот сопственик да ја блокира одлуката, да ја оспори или да влијае на процесот, што би овозможило промена на сопственичката структура на рафинеријата и зачувување на нејзиното работење според новите услови на меѓународни санкции, пренесе „Б92“.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави дека постои логика во ова решение и најави дека нацрт-законот ќе биде доставен до парламентот.
Целта е да се обезбеди непречено функционирање на клучната енергетска инфраструктура во земјата почитувајќи го режимот на санкции од Западот, објавува „Ројтерс“.
Рафинеријата во Бургас, со капацитет од речиси 190.000 барели дневно, е од стратешко значење за снабдувањето на Бугарија и делови од регионот.
Владата на Софија објави дека е во постојан контакт со американските институции за да може работењето на рафинеријата да продолжи и покрај санкциите.
„Лукоил“ веќе се соочува со тешкотии во меѓународните операции поради ограничувања што влијаат на логистиката, трговијата и финансиските текови.
Компанијата, според изворите, имала проблеми со товарење во Ирак, пумпни станици во Финска и со тргување во Швајцарија.
Министерството за финансии на САД издаде привремена дозвола, што им овозможува на компаниите да ги прекинат постојните трансакции со „Лукоил“ до 21 ноември.

