Црна хроника
Осум дена притвор за скопјанката која малтретирала болна старица
Судија на претходна постапка ѝ одреди осумдневен притвор на скопјанката која наместо да ја чува, малтретирала болна осумдесет ичетиригoдишна старица.
Шеесет ичетиригoдишната скопјанка е осомничена за телесна повреда при вршење семејно насилство. Синот на старицата во март годинава се договорил со жената да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка, која е болна од Паркинсонова болест и деменција, и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест ѝ овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом и средства за егзистенција.На 21-ви овој месец, синот преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка, случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како осомничената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за косата и туркајќи ја на креветот.Откако го видел тоа, се симнал на долниот кат, и истата ја спречил и натаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

