Контакт

Дијаспора

ОМД назначи нови претставници за Чикаго и Лос Анџелес

Објавено пред

Управниот одбор на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) има огромно задоволство да ги претстави Алекс Василески, претставник на ОМД во Чикаго и Марија Малиновска, претставник на ОМД за Лос Анџелес. Голем број на Американци со македонско потекло живеаат во Чикаго и Лос Анџелес и ОМД има голема чест што може да ја прошири својата дејност со своите нови претставници.

dobivaj vesti na viber

„Алекс и Марија имаат постигнато големи успеси во нивната професионална сфера, и имаме голема чест што тие ќе ги искористат нивното искуство и ентузијазам за да ја имплементират мисијата на ОМД да ги зближат Македонците и да ја промовираат Македонија во Чикаго и Лос Анџелес,” изјави Трајко Папучковски, член на Одборот на ОМД и директор за САД.

„Алекс и Марија ќе претставуваат ефективна врска за Македонците и ќе инспирираат и мотивираат за поголем ангажман во клучните македонско-американски прашања,” заклучи Папучковски.

„Возбуден сум што ќе му се придружам на ОМД тимот како претставник за Чикаго, затоа што Чикаго е многу битен град и многу Македонци живеат во него и во неговата околина. Моето мото е ‘Имај голема визија, работи чекор по чекор и стигни бргу до таму кадешто сакаш да бидеш’ и ќе го искористам истото за да ја промовирам Македонија во Чикаго,” рече Василески.

„Ми претставува голема чест да бидам претставник на ОМД во Лос Анџелес. Мојата визија, која сакам да ја исполнам преку ОМД, е да се зголеми зближеноста на Македонците меѓу себе и исто така да се зголеми фокусот на претставување и ширење на нашата богата култура и традиција на нашите пријатели и сограѓани во Лос Анџелес и Калифорнија,” рече Малиновска.

„Многумина сакаат Македонија и македонската култура и традиција да просперира. Ги повикувам сите да се придружат кон ОМД затоа што секој може да допридонесе кон зголемувањето и зајакнувањето на македонскиот просперитет”, додаде таа.

Василески ќе ја замени Наталија Булинг која беше претставник за Чикаго од 2011, а Малиновска доаѓа на местото на Димитар Насев кој беше претставник за Лос Анџелес од 2009 и е сега член на одборот и директор на програмата за Економски развој.

Алекс Василески е прва генерација Македонец-Американец со корени од Охрид, Македонија. Василески е претседател и основоположник на компанијата во Чикаго “A Mind and Body Total Fitness, Inc.,” која се фокусира на индивидуално дизајнирана здравствена програма, имплементација на здравствени програми за компании, мотивациски програми, програми за јавно говорење и пост-рехабилитација.

Василески го има победено ракот два пати и неговиот „Никогаш не се откажувај” став го насочил да промовира здрав и исполнет живот на населението во Чикаго и околината. Моментално Василески е член на помошниот одбор на Педијатарската Фондација за рак Bear Necessities, ментор е на групата за поддршка Imerman Angels One-On-One, ментор-оратор за Организацијата за Леукемија и Лимфом (Leukemia and Lymphoma Society), како и тренер за Најк Елит. Разновидното искуство на Василески во корпоративниот свет на Америка му помогнало да воспостави деловни врски кои се од големо значење за дома и за странство. Неговата мисија е да им помогне на другите да имаат среќен и здрав живот.

Василески има добиено голем број на признанија за неговата работа во здравствената индустрија како на пример бил еден од првите 100 преставници на списанието Men’s Health за наградата “Најзгоден дечко 2015”, член е на Управниот одбор на CoCo5 за 2015, амбасадор и спортист за Core Power Nutrition за 2014, најзгоден тренер во Америка според списанието Shape за 2014, влијателен претставник за Чикаго за својата хуманитарна работа за 2013, а истотака добил признание од Lululemon за неговата истражувачка работа.

Марија Малиновска е родена во Битола, Македонија, кадешто завршила средно образование во економското средно училиште Јане Сандански. Малиновска студирала на Економскиот факултет во Прилеп пред да се пресели во Америка во 2006. Таа пет години работела како Маркетинг координатор за Maria’s Italian Kitchen. Потоа го продолжила своето образование на колеџот во Лос Анџелес каде шест години работела како асистент по математика. Потоа добила стипендија за да студира на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA), кадешто студирала на катедрите за Глобализација и Германистика.

Моментално, Малиновска работи за адвокатската компанија Jaurique Law Group и истотака е запишана на престижната адвокатска програма на адвокатската академија Southwestern Law School во Лос Анџелес. Нејзината долгорочна цел е да изработи бизнис план за зајакнување на статусот на жените во земјите во развој преку микрофинансирање. Од 2000 година Марија е член на МЕНСА, а истотака е и победник на натпреварот за бизнис план на ниво на земјите во Јужно-Источна Европа. Покрај македонски, Марија говори англиски, германски, шпански и влашки и сака да чита и да патува./крај/мф/бс

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет1 час

(Видео/Фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет1 час

Иранската војска им порача на Америка и Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...

Свет2 часа

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад,...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку...

Свет2 часа

Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите

Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време...

Македонија10 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет12 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет14 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија14 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија14 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа15 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија15 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет18 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет19 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија19 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија20 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија20 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија21 час

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија22 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...