Црна хроника
Во струшко било пукано од возило поради нарушени односи

Меѓусебните нарушени односи меѓу две групи биле причина за пукањето што се случи во неделата вечерта на локалниот пат Струга-Долна Белица кога беше убиено едно лице, а ранети се уште двајца.
Убиството се случило кога на група лица било пукано од возило во кое се наоѓале неколкумина. Едно лице починало на лице место, додека еден од повредените се наоѓа на лекување во струшката болница, а пак, другиот поради тежината на повредите е пренесен на лекување во Скопје.Напаѓачите се во бегство. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во насока на расветлување на настанот и сторителите, издаде наредба за обдукција на починатото лице, за прибирање и вештачење на траги од лице место. Возилото од кое се пукало е испратено на вештачење и обработка./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.