Црна хроника
Побарале помош од полицијата па го тепале полицаецот
Мајка и син под дејство на алкохол се карале, па полициски службеници интервенирале, по што двајцата почнале да го тепаат полицаецот во штипско Ново село.
Имено,во вторникот, во 23.40 часот на бензинската пумпа во населбата Ново село во Штип, полициски службеници сакале да спречат нарушување на јавниот ред и мир, меѓу Л.В.(50) и Е.В.(28) од село Лакавица, кои се карале, викале и непристојно се однесувале. При тоа Л.В. побарала од полициските службеници да го спречат нејзиниот син Е.В. во намерата да управува автомобил бидејќи бил под дејство на алкохол. Полицискиот службеник на Е.В. му наредил да не го стартува автомобилот и да излезе од него, по што тој физички го нападнал полицискиот службеник. Тој бил физички нападнат и од Л.В. Мајката и синот биле приведени во полициска станица Штип каде им било извршено алкотестирање при што кај Е.В. е утврдено присуство на алкохол од 2,00 промили, додека кај Л.В. 0,64 промили и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

