Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Со новите креирани, сечени, лепени и монтирани материјали, Заев си даде автогол

Очигледно е дека во СДСМ се сè уште во шок по фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја поддржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавуваше креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали чија веродостојност не е утврдена, си дадоа нов автогол, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по новите аудио материјали кои ги објави опозициската СДСМ.
И покрај тоа што дополнително покажаа дека одработуваат единтвено за туѓи интереси, покажаа и дека немаат никаков капацитет и кредибилитет за водење на реална политика. Заев е толку завлезен во деструктивност што веќе навлезе и во сопствено и партиско дефакторизирање и автодеструкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи. Најприслушкувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски ниту Мијалков не дале наредба да се прислушкуваат самите себе. Соочен дека никој веќе не им верува и дека нема никаков ефект од ова што го прави, Заев прибегнува кон вакви апсурдни, површни и тргикомични прес конференции со кој самите се посипуваат со пепели во кои и самите не си веруваат во неточниот наратив кој сакаат да го наметнат, но на кого никој не му верува“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не навлегувајќи во дворските и византиски местенки и игри во СДСМ, и во тоа кој кого во СДСМ сака да го пушти низ вода, сакаме само да истакнеме дека со овие креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев потврди дека измените на законот за следење на комуникации се донесени во транспарентна и демократска процедура, во процес на политички дијалог и со меѓународна верификација, и истите се изгласани и поддржани од пратениците на СДСМ меѓу кои и Радмила Шекеринска, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска, Митре Велјановски, Маринела Тушева, Тито Петковски и останатите. Ова е уште една потврда дека вистината не е во монтираните, сечени и прилепени разговори, туку во она што навистина се случило. Во однос на фалењата на Заев дека поседува еден куп незаконски прислушкувани и креирани, сечени и монтирани материјали и смс пораки, СДСМ може да кажат дека доставиле и 5 милиони страници материјали, но ако во нив нема ниту еден аргумент како што очигледно во овие до сега објавени материјали на Заев нема, тогаш залудно им е се. Бројката не е воопшто предиспозиција и показател за квалитетот“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Свесен дека ова сценарио не му поминува тој повторно се заканува со насилство, со тензии и конфликтност, но Заев треба да знае дека секоја негова постпака во таа насока ќе биде остро осудена од страна на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ кој нема да дозволиме државата да биде заложник на неговото сценарио. Зоран Заев се поочигледно влегува во сопствената кал и секое негово сценарио се распрснува и разобличува. Граѓаните испраќаат јасна порака дека не го подржуваат ваквото однесување на Заев. Ова е прес конференција на човек кој е свесен за своето злодело и лошо одбран начин да се вади од одговорност. Ова е алиби прес конференција во која Заев сака да се убеди прво себе и своите а потоа да ја убеди јавноста во нешто што е крајно нелогично и сулудо. Уплашен од доказите и сега импровизира и лаже бесрамно. Ова покажува дека стравот ги тера да прават клучни и стратешки грешки“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.