Спорт
Хјуз верува во „неговиот“ Сити
Менаџерот на Манчестер Сити Марк Хјуз најавува дека заедно со неговите фудбалери ќе успеат да влезат во големата четворка на Премиер Лигата.
Сити одлично ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата и сега сите очи се вперени кон новиот тим на „Граѓаните“ кој покажа дека е далеку од наивен состав како што тоа сите го најавуваа.“Мислам дека во краток период на време завршивме добра работа во промена на перцепциите на луѓето. Некој не гледаат како голема закана за така наречената голема четворка и ние сме комфорни со тоа. Овие клубови имаат одиграно голем број на натпревари на највиско ниво изминативе години. Нивните очекувања и способноста да се справат со овие очекувања и нешто што го користат многу подолг период од нас. Но тоа не значи дека ние не можеме да бидеме пред некои од овие клубови, бидејќи веќе покажавме дека можеме. Само Јунајтед и Челзи го победија Арсенал во лигата откако ние го сторивме тоа минатата сезона, тоа ја покажува конзистентноста што ја има Арсенал – и тоа е она кон што ние целиме. Имаме голема почитт кон она што Арсенал може да го продуцира кога игра на најдобро ниво но тие знаат дека ние сме голем тест на домашен терен. Бевме извонредни на дуелот против нив и победата од минатата година. Немаме страв од дуел со Арсенал бидејќи знаеме дека можеме да се надигруваме со нив.” – изјави стратегот на Манчестер СитиКолку Сити ќе успее да ја одржи формата и континуитетот преостанува да видиме но во секој случај се екипа кој заслужува внимание и почит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

