Европа
Низ Австрија само во септември поминале 200 илјади бегалци

Во актуелниот бегалски бран кој ја зафати Европа, низ Австрија само во минатиот месец поминале околу 200 илјади луѓе, покажува статистиката на австриското министерство за внатрешни работи, пренесуваат австриските медиуми.
Од 31-ви август, кога повеќе стотици бегалци дојдоа на виенската железничка станица Вестбанхов и повеќе од нив го продолжија патот кон Германија, полицијата започна да следи колку лица од бегалскиот бран се движат низ земјата.
Градот Виена за време на минатиот месец изброја околу 130 илјади бегалци кои минале низ овој град, а 113.491 лица исто така преноќиле во Виена. Денот во кој најмногу бегалци пристигнале во Австрија, бил 14-ти септември, кога нивната бројка изнесувала 19.700.
Ова било поврзано во врска со случувањата во Унгарија, од каде пристигнале повеќе од нив, бидејќи ден подоцна официјална Будимпешта започна да применува построги закони за азил и за илегално преминување на границата.
Повеќето мигранти границата ја поминале пеш, бидејќи унгарските власти претходно со автобуси и возови ги префрлиле до близината на граничниот премин, наведува министерството.
Во текот на септември во Австрија околу 10 илјади бегалци поднеле барање за добивање на азил, од кои две илјади тоа го направиле во Виена. Од почетокот на годината, пак, до 31-ви август биле поднесени 46.133 барања за добивање на азил, а оваа бројка за време на цела 2014-та година изнесувала околу 28 илјади.
Деновиве се бележи и раст на молбите за добивање на азил, односно дневно помеѓу 300 и 450, како и околу пет до осум илјади таканаречени транзитни бегалци. Министерот за финансии на Австрија, Ханс-Јерг Шелинг изнел податок дека бегалците оваа година Австрија ќе ја „чинат“ околу 400 милиони евра, а само Виена досега ја чинеле околу 27 милиони евра.
Азилантите, кои се наоѓаат во организирано сместување, добиваат џепарлак во висина од 40 евра месечно, а оние кои се сместени во приватно сместување добиваат максимално 320 евра месечно, бидејќи мораат самите да плаќаат за храна и кирија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.