Европа
Оланд предупреди дека последиците од Брегзитот ќе бидат повеќекратни
Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди во четвртокот дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија, или ткн Брегзит, би имал повеќекратни последици, особено кога станува збор за прашањето на имигрантите во Кале.
„Не сакам да предизвикувам страв, туку да ја кажам вистината: ќе има последици доколку Обединетото Кралство ја напушти Европската унија (…), тоа нема да ги доведе во прашање историските пријателски односи меѓу двете земји, но последици ќе има, и тоа и по прашањето на управувањето со ситуацијата поврзана со имигрантите“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по одржувањето на француско-британскиот самит во Амиен.
Оланд, зборувајќи стоејќи до британскиот премиер Дејвид Камерон, алудираше на повеќето илјадни имигранти и беглаци во пристанишниот град Кале, во северна Франција, коишто чекаат преку каналот Ламанш или преку тунелот под него да дојдат до Велика Британија. Париз овозможи британската полиција на француска територија да врши надзор над влезот на тунелот за да го спречи илегалното преминување на мигрантите на британска територија.
„Потребно ни е брзо и ефикасно решение за малолетниците без придружба“, изјави Оланд зборувајќи за ситуацијата во Кале, каде што во големиот камп за бегалци наречен „Џунгла“ се наоѓаат повеќе од 300 малолетни деца без родители.
Француските власта постепено ги разместуваат мигрантите во споменатиот импровизиран логор. Нивниот број мината година нарасна на повеќе од шест илјади и тие не сакаат да го напуштат Кале, верувајќи дека таму им се најголеми шансите да прејдат во Британија.
Пред Оланд, францускиот министер за економија, Емануел Макрон, зборувајќи на англиско-францускиот самит во четвртокот изјави дека доколку Британија се одлучи на референдумот во јуни за излегување од ЕУ, Франција со укинувањето на граничните контроли ќе им овозможи на мигрантите да го продолжат патот кон таа земја, а радо ќе ги прифати банкарите коишто ќе го напуштат лондонски Сити.
„Кога ќе се прекине односот, имигрантите веќе нема да бидат во Кале, бидејќи Франција таму повеќе нема да ги задржува, а финансиските пасоши ќе бидат помалку вредни“, изјави францускиот министер за економија Емануел Макрон за Financial Times пред почетокот на самитот во Амиен.
Оланд, исто така, изјави дека британското излегување од ЕУ ќе влијае и врз „единствениот европски пазар, „финансиските центри и развојот на економските односи меѓу двете земји“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

