Црна хроника
Судски референт од скопска ‘двојка’ пријавен за измама
Вработен како судски референт од Основниот суд Скопје 2 Скопје, е кривично пријавен до Основното јавно обвинителство од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поради измама со којашто се стекнал со 4.500 евра, во денарска противредност 279.000 денари.
Според крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи против пријавениот претходно е поднесена кривична пријава за кривично дело „фалсификување исправа“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена. Инаку, Министерството за внатрешни работи не ја исклучува можноста пријавениот да измамил и други лица ветувајќи им вработување.
Пријавениот, идентификуван како 31-годишен Д.М, и оштетениот пред пријавата се познавале околу седум месеци, бидејќи оштетениот како возач на такси возило честопати пријавениот го возел од неговиот дом до Основен суд Скопје 2I Скопје, каде овој работел како судски референт – записничар и дури еднаш го повикал таксистот за да се увери дека таму работи.
Притоа, во еден нивен разговор пријавениот му кажал на оштетениот дека за негово вработување му помогнал висок функционер од МВР за одредена парична награда, по што во септември 2014 година со лажно прикажување на факти, му ветил на оштетениот дека преку истиот функционер може да му обезбеди вработување во државна институција за него и за неговиот брат, но дека за тоа мора да му даде одредена сума. Од оштетениот побарал 3.000 евра за неговиот брат и 1.500 евра за него, со изговор дека услугата чинела 3.000 евра по лице, но бидејќи биле двајца, затоа за него требало да даде 1.500 евра. За да го убеди во лажните ветувања, го однел оштетениот во зградата каде што живеел функционерот, но кога пристигнале му кажал дека тој наводно не бил дома.
Во септември 2014 година во нотарска канцеларија во Скопје таткото на оштетениот на пријавениот му дал 3.000 евра, но за да има некаков доказ дека ги дал парите склучиле „Договор за девизен заем“ во износ од 3.000 евра со рок на враќање за период од 6 месеци кој го завериле кај нотарот, што го направиле на предлог на пријавениот.
По остварени повеќе контакти и средби меѓу пријавениот и оштетениот, во кои му ветувал дека и него ќе го вработи, наводно со цел да ја забрза работата, во октомври 2014 година му побарал и оштетениот му дал 500 евра и документи по што му кажал дека го пријавил на конкурсот за вработување во МВР на РМ. Откако завршил конкурсот, а оштетениот не бил повикан, пријавениот наоѓал разни изговори и му ветил дека ќе го вработи во Основен суд Скопје 2 Скопје, за цело време спомнувајќи го името на функционерот од МВР кој требало да ја заврши работата.
Во февруари 2015 година преку СМС порака под изговор дека работата е завршена, пријавениот од оштетениот ги побарал преостанатите илјада евра, коишто наводно требало да ги даде како надомест за „вработувањето“. Притоа повеќепати се сретнале и разговарале и се допишувале со СМС пораки. А за биде што поуверлив, пријавениот пуштил порака во име на полицискиот функционер притоа користејќи друг телефонски број, односно телефонскиот број од својот татко.
Во март 2015 година во просториите на СВР Скопје од страна на оштетениот е поднесена кривична пријава на записник против Д.М., за кривично дело „измама“. Притоа, по преземени сеопфатни мерки и активности на четвртокот, 02-ти април годинава, на претходно договорена средба во кафе бар во скопската населба Ново Лисиче, пријавениот ги примил од оштетениот илјада евра, кои подоцна при претресот се пронајдени кај него.
Полицијата и од пријавениот и отштетениот, како и од нивните татковци го заплени и мобилните телефон, СИМ и мемориски картичка, додека од оштетениот и таткото на оштетениот се одземени два мобилни телефони, две сим картички./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

